Има разни приказни, а најинтересна е онаа на еден јунак кој на моторцикл поминал повеќе од 800 километри од родната Кенија и покрај фактот дека во многу области низ кои поминувал има граѓански војни и вооружени судири.
„Решив ако умрам, нека загинам за повисока цел“, вели овој „топџија“.
Фестивалот за навивачи на Арсенал во Уганда не е обична собиранка со музика. Учесниците активно се занимаваат со хумани дела, донираат крв, разделуваат храна на најпогодените категории, организираат детски турнири во фудбал, помагаат во чистење плажи итн.
Главен настан секако им е гледање натпревар на Арсенал.