Offside

За англискиот фудбал може да кажете дека е ваков или таков, некому да се допаѓа повеќе некому помалку, ама факт е дека најдобро организираната лига на свет е токму англиската Премиер лига. Кај нив ништо не се препушта на случајот, особено не невкусни зафрканции.

Ајакс и Панатинаикос се заборавија од шутирање пенали

11 квалификациски натпревари се одиграа во 3. коло од Лига Европа по кое следува плејофот.
Најдраматично беше во Амстердам каде се изведоа неверојатни 34 удари од белата точка.

Шахистка со жива труела противничка, фатена на камера

Шахистката Амина Абакарова од Дагестан се обидела да ја отруе својата противничка Умајганат Османова на шаховски турнир во оваа руска република.

Богато голгетерско видео за збогум на Абердин со Миовски

Трансферот на Бојан Миовски од Абердин во Жирона за 8 милиони евра е рекордер за шкотскиот прволигаш. Достојно му се заблагодарија за фантастичниот придонес од 44 гола во двете сезони кои ги одигра. Со среќа во Шпанија младичу.

Раде најубаво ќе ви објасни за Модриќ

И тоа видеото не е од синоќа откако Лука стана рекордер со 27 трофеи во Реал, туку е старо една година. Но без разлика. Ова е тоа дечки.

Комити им реплицираа на Чкембари со песната „Коњи брзајте“

Во недела на Градски, во вечерен термин ,со почеток од 20:00 часот се игра големото дерби меѓу Вардар и Пелистер во 2. коло од новата сезона. Навивачките групи на двете екипи фино се пецнаа преку социјалните мрежи.

Што прави Јокиќ на лето и зошто го нема по јахти?

Никола Јокиќ во 2022-та го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА, вреден 276 милиони долари на 5 години. Но тоа не му ги менува навиките. Никола едноставно си e Никола.

Жирона го претстави Миовски на штосен начин

Грмат социјалните мрежи на шпанскиот прволигаш. Доаѓа македонскиот бомбардер од Абердин.

Да не му треба на некој напаѓач?

Се вика Златан Ибрахимовиќ и има 42 години.

Кинеската со најнегативен тениски рекорд

Тенисерката Жанг Шуаи изгуби во 1. коло од ВТА турниот во Синсинати (САД) со 6:4, 6:4 од руската тенисерка Дијана Шнајдер. Ова и не би било некоја неверојатна вест ако со овој пораз Кинеската не стаса до многу насловни страни.

Па ти играј после против Стеф Кари

Со 36 поени постигнати во полуфинале против Србија и 24 поени во финале против домаќинот Франција, Стеф Кари беше еден од најзаслужните што САД стигнаа до 10-ти златен медал на кошаркарски турнир на Олимписките Игри. Осми по ред, со што покажаа дека се непобедливи.

Најсрамната насловна страница за човекот кој испиша историја во Реал

Од Ди Стефано, Раул, Касиљас, Јеро, Зидан, Фиго, Роналдо, Карлос, па сè до Кристијано Роналдо, Рамос, Бензема. Никој во 122 годишната историја на Реал Мадрид не може да се пофали со 27 трофеи. Само еден играч стигна до тие височини и се вика Лука Модриќ.

Роди ме мајко олимписки првак во Филипини

Филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло освои два златни медали во Париз и кога се врати дома го пречекаа како херој. Честитките не се состоеа од плакета со благодарница и 10.000 евра, туку одма го внесоа во новиот стан и му подарија џип. Да е само тоа.

Реал Мадрид рутински до пехар во Супер Купот, Мбапе со гол на дебито

На фантастичниот Национален стадион во Варшава, пред преполни трибини, Реал Мадрид вечерва рутински ја совлада Аталанта во европскиот Супер Куп и по рекорден шести пат стигна до пехарот од овој натпревар.

А сте чуле ли за дисциплината „Фрлање кашкавал“?

Во Лос Анџелес 2028 како нови спортови се најавуват крикет, сквош, бејзбол, софтбол, лакрос и флег фудбал. Еве им уште една идеја. Се игра во Новара, Сицилија и се работи за многу стара традиција. Сè што треба да имате е Мајоркино, тоа е пита овчи кашкавал тешка од 10 до 12 кила. Победува тој што ќе ја фрли најдалеку. Инаку натпреварот е веќе заштитен од УНЕСКО, а тоа што ни ја смири душата е што сепак кашкавалот на крај не го фрлаат, туку го јадат.

Само Лазо знаел на ваков начин да ги издрибла судиите

Немаме повеќе човек во спортот од таков ков на луѓе. Неодамна замина Џаро, а вчера и Лечиќ. Ви текнува ли на трет легендарен и незаменлив лик, истовремено и шоумен кој умее да направи измама за која ќе се зборува 100 години? Оваа е веќе прераскажана, но можеби помладите не ја знаат, а мораат.

Боксот го тргаат од Олимписки Игри, во 2028-ма ќе има нови спортови

После цели 120 години, легендарниот спорт, еден од најгледаните, се брише од списокот на Олимписки Игри 2028 во Лос Анџелес. Оваа одлука на МОК и други лица да се стават спортови кои не може да се наречат спортови.

Прости му Боже, олимписки медал освои

Богдан Богдановиќ беше разборен со Ѓоковиќ, но во еден момент мислеше дека треба со Леброн да игра еден на еден.

Братот од кров го направил најјакиот клип од славјето во Белград

Го имаме видеото со кое може најдобро да се долови лудилото во Белград, по повод пречекот на олимпијците и славјето за нивните медали.

Мурињо остана без ЛШ со гол во 118-та минута

Неславно тргна турската одисеја за славниот португалски тренер кој има две титули во Лига на шампиони. Ќе мора да се задоволи со настап во Лига Европа.

Ново интро за Лига на шампиони

Заврши и третото квалификациско коло во ЛШ. На 20/21 и 27/28 август се плејоф средбите, а на 29-ти ждрепката за групите. За сезоната 2024/2025, има нов комплициран формат, кој допрва треба да го сконтаме, но и оркестрална верзија на химната, која за прв пат се користи после 2000-та година.