Арсенал го прегази Сити во првиот дуел без Пеп Гвардиола

Фудбалерите на Арсенал го освоија првиот трофеј во новата сезона откако со 3-0 го згромија Манчестер Сити во натпреварот за трофејот „Комјунити шилд“ во кој играат победникот на ФА Купот и Премиер лигата од минатата сезона. Во Кардиф на стадионот „Милениум“ стрелци на головите за топџиите беа: Рикардо Калафиори во 23-та секунда, Каи Хаверц во 28-ма и Мартин Едегор во 47-ма минута.

Ова беше прв официјален натпревар на Манчестер Сити со новиот тренер Енцо Мареска кој го наследи трофејниот Пеп Гвардиола на клупата:

 

17 август 2026 - 12:29