Offside

Навивачите на Арсенал цели 20 години чекаа и сонуваа големо финале на Лига на шампиони. Затоа синоќа после судиската свирка за крај на дуелот со Атлетико Мадрид паднаа во транс. Цел стадион „Емирати“ и повеќе од 60.000 навивачи славеа пласман во финале на ЛШ каде не биле точно две децении.

Осум прашања, осум одлични одговори на Гризман

Искусниот француски напаѓач Антоан Гризман, се покажа доста спремен и рационален во одговорите на неколку прашања, кои сигурно не е лесно да ти дојдат вака на прва.

Диего Коста на денот

Не созреа овој човек во паметот и многу пати знаел да ја изгуби контролата и со играчи и со судии. 35 годишниот Диего Коста летоска направи трансфер од Вулверхемптон во Ботафого и фати да му ги држи рацете на судијата за да не му го додели жолтиот картон кој му падна на земја.

Кога шеикот ќе ти каже дека ќе игра кешот за победата над Ал Наср и Роналдо

Ал Хилал каде се здружија Митровиќ, Милинковиќ, Нејмар, Кулибали и Рубен Невес се лидери на табела пред второпласираниот Ал Наср, кого го декласираа со 3:0. Шеикот им влегол во соблекувална за да ги извести дека ќе има парични награди за одличната партија.

Најпонижувачката банана во историјата на кошарката

На младински натпревар во САД. Респект нула.

Рене Игита - најлудиот легендарен голман кој се дружел со Пабло Ескобар

Колумбискиот голман важеше за еден од поексцентричните фудбалери какви што фудбалот ретко видел. Тој често излегуваше далеку од својот гол, дриблаше, започнуваше напади, ризикуваше, шутираше слободни удари. Автор е на култниот удар скорпион против Англија на „Вембли“.

Судија во Холандија не го употреби свирчето цело прво полувреме

Чудна вест ни доаѓа од холандскиот прволигашки фудбал, од мечот РКЦ - Ексцелзиор на кој во првите 45 минути не се слушнало ниту еднаш свирчето на судијата. Мислењето на навивачите е поделено. Едни велат дека се работи за врвен судија кој добро што остава течна игра со физички контакти, други сметаат е кловн и дека ова го прави за внимание.

Емотивниот Луис Суарез: „Не можам да станам од кревет, пијам по три апчиња пред меч“

После последниот домашен меч во дресот на Гремио, легендарниот Луис Суарез имаше емотивно збогување со илјадници навивачи на овој бразилски клуб за кого одигра неверојатно и е трет стрелец во лигата со дури 15 гола и 11 асистенции. Сега се исповедал околу својата физичка состојба.

Вест Хем дава 25.000 фунти за информација која ќе открие крадци на домот на Зума

Лондонскиот премиерлигаш Вест Хем реши јавно да понуди 25.000 фунти награда за информација која што ќе доведе до откривање и приведување на крадците од домот на нивниот фудбалер Курт Зума.

Најмалку едно финале на Лига на шампиони ќе се игра во далечниот Абу Даби

УЕФА потпишала договор вреден 2,4 милијарди евра со Владата на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) а оваа соработка е како еден вид борба на УЕФА против идејата за Суперлига.

По професија е дипломат, во душа Вардарец и навивач на Леверкузен со неброени големи спортски сведоштва

Познавате ли Македонец кој го гледал незаборавниот Вардар на Вишњевац во Букурешт во Купот на УЕФА, на Градски против европскиот првак Порто, а истовремено ги посетил сите 12 стадиони во Лондон, влегол без карта на Вимблдон и му извадил виза на славниот Аилтон?

Вртиш на Арена разни фудбали и на крај стигаш до македонска лига

Читател ни прати видео по кое нејќете да споредувате. Свртел со даљинското Конференциска лига, руско првенство, шпанска прва и втора лига и на крај стигнал до нашиот кутар фудбал како во некое сивило со никаков терен во кал и земја, а од страна огради и обид за трибина со 17 души.

Падна најголемиот договор за ТВ права во историјата на Премиер лигата

Англискиот прволигашки фудбал по кој знае кој пат го потврдува статусот на најскапа лига во светот, за која ако сакате да ги имате ексклузивните права, треба да имате скоро 2 милијарди евра за една сезона.

Соиграч на Бензема да ви покаже како се изведува слободен удар

Не е Жота, Фабињо, ниту Бензема, туку извесен Салех Ал Амри кој импресионираше со начинот на кој ја свитка во гол од многу тешка позиција. Ал Итихад славеше против Сепахан со 2:1 во азиската ЛШ за пласман во нокаут фазата.

Сè ќе види човек по англиските стадиони

Во втората англиска лига - Чемпионшип, Саутемптон го победи Кардиф со 2-0 и ја продолжи трката кон самиот врв за пласман во богатата Премиер лига. На овој меч имало и навивачки дофрлања, како и секаде низ Островот.

Кварезма ти ли си?

Само неколку дена по неверојатниот еврогол на младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед Алехандро Гарначо кој направи луди „ножички“ во победата над Евертон, сега играч на Ипсвич постигна исто добар гол. Велшанецот Вес Брнс во триумфот на Ипсвич 2-1 над Ковентри дал гол во стилот на Рикардо Кварежма.

На судијата не му текна да се тргне, па Гундоган му играше еден на еден

Необична ситуација на мечот Барселона - Атлетико Мадрид кој заврши 1:0. Судијата лошо се постави, а потоа целосно се збуни и заборави да се тргне на страна кога Гундоган тргна кон гол. Згора на се Барса ја изгуби топката поради него, а не ја ни сопре акцијата.

Најлошиот vs најдобриот Адриано

Куса компилација на Бразилецот кој за жал остана недокажан до крај. На вториот дел го гледате Роналдо де Лима втор дел, а на првиот човек кој како прв пат во живот да фаќа топка.

Дијалогот поради кој Леброн и Удока добија технички

ЛА Лејкерс го совладаа Хјустон 107:97. Ентони Дејвис беше најзаслужен за триумфот со 27 поени, 14 скока и 3 асистеции. Остин Ривс имаше 18 поени со 4 скока и 1 асистенцјиа а Леброн Џејмс додаде 16 поени со 5 скока и 7 асистенции. Ветеранот во еден момент влезе во вербален дуел со тренерот на Хјустон, Име Удока кој на една судиска примедба на Леброн, му дофрлал: „Не плачете само како некои кучки“.

Нова ујдурма на Жозе Мурињо, прави што сака

Рома некако извади победа после пресврт против Сасуоло на гости 1:2 и тоа со два гола дадени во самиот финиш во 76-та и 82-ра минута откако домаќинот играше со играч помалку од 63’ минута по црвениот картон на Даниел Болока. Жозе Мурињо пред мечот на прес-конференција рекол дека го секира изборот главен судија на мечот да биде 31-годишниот арбитар Матео Марченаро зошто е „емотивно нестабилен за вакви натпревари“ и „дека го загрижува и изборот за ВАР судија“.

Продолжи убавата традиција со плишани мечиња од трибини

Во Белгија и Франција, односно на натпреварите на фудбалските клубови Генк и Лил синоќа се одржа традиционалниот настан фрлање плишани мечиња на терен кои подоцна се собираат и се даваат на деца во благотворни Божиќни и новогодишни акции.

Судиската одлука која го збесна цел Ман. Сити

Во Премиер лигата на два меча синоќа паднаа дури 13 гола! Манчестер Сити и Тотенхем во дербито на колото одиграа 3-3, а Ливерпул и Фулам режираа спектакл со победа 4-3 на црвените после цел куп пресврти. На „Етихад“ фудбалерите, навивачите и стручниот штаб на Манчестер Сити со право му рипнаа на главниот судија Сајмон Хупер кој ги оштети драстично во последните моменти од мечот.

Емотивна разделба на Суарез и навивачите на Гремио, зачинета со ново голчиште за победа

Заминува по само 11 месечен престој, а кога гледате како го испратија, ќе помислите дека се работи за 11 години. На 36 годишна возраст извади повеќе од максимум за бразилскиот тим и оствари импресивни бројки.

Рекетот со кој Ѓоковиќ го освои првиот Ролан Гарос е продаден за рекордна сума

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во 2016-та година го освои својот прв пехар на легендарниот Ролан Гарос. Рекетот од мечот во финалето против Енди Мареј кого го доби 3-1 во сетови синоќа бил продаден за неверојатни 107.482 долари, највисока цена некогаш платена за тениски рекет.

Како изгледаше голманот на полувреме на мечот ЦСКА - Ростов?

Инаку мечот во руското првенство меѓу ЦСКА Москва и Ростов кој заврши 2:0 се играше на -5.