Ајде аирлија ексел за ЕП 2024

Поминаа четири години, тоест три поради пандемијата откако гледавме Европско првенство и тоа со Македонија и Горан Пандев. Како и две од СП Катар, ама и тие не се две, бидејќи во зимо го гледавме со чварки и црно вино. 

Одиме со нова голема фудбалска претстава во која ќе се бара победник на европскиот континент меѓу 24 земји учеснички.

Повод? 17-то издание на ЕП. Место? Германија. Градови домаќини? Берлин, Минхен, Дортмунд, Штутгарт, Гелзенкирхен, Франкфурт, Хамбург, Дизелдорф, Келн и Лајпциг.

Период 14 јуни - 14 јули, во кој натпреварите од сите фази се играат во три термини: 15:00, 18:00 и 21:00 часот.

Има шест групи по четири репрезентации. Во осминафинале одат најдобрите две од секоја група, плус најдобро пласираните четири третопласирани.

Вас што ви е задача? Да го ладите со време пивото и да се разберете со време кои се приоритетите по дома во наредните месец дена.

Како и се разбира да го симнете најновиот ексел документ кој традиционално ви го даваме на тацна.

Само пополнувате и толку, а тој сам ги прави калкулациите на табелите. Ако сакате симнете и две копии, едната може да ви служи за прогноза.

Клик врз фајлот EURO2024.xlsx

11 јуни 2024 - 12:33