Бразилскиот репрезентативец не е омилен лик по шпанските стадиони. Неретко со своите невоспитани и дрски потези ги иритира противничките навивачи кои во налет на бес му кажуваат и што треба и што не треба.
Епа едно такво што не треба ги чини затвор тројца навивачи на Валенсија. Судот ги осудил на 8-месечна затворска казна и 2 годишна забрана за влез на стадиони поради тоа што го нарекувале Винисиус мајмун за време на дербито Валенсија - Реал Мадрид на „Местаља“ во мај 2023-та година.
Ова е прва ваква пресуда на шпански суд за расистичка навреда на стадионите во историјата на шпанскиот фудбал. Шпанска Ла Лига лани пријавила 16 расистички испади во однос на Винисиус.
Навивачите во Шпанија велат дека не станува збор за расизам затоа што во Реал Мадрид играат дузина други црномурни играчи па никој од нив никогаш не бил навредуван.