Најголемата надеж на Шпанија ќе пишува домашна на Европско првенство

Шпанија на Евро 2024 најмногу очекува од шеснаесет годишниот бисер на Барселона Ламин Јамал кој треба да ја води „Црвената фурија“. Сезонава одигра 50 натпревари во сите турнири за Барселона и на рана возраст веќе е голема ѕвезда. Раскажал дека во Германија оди со домашни задачи.

Шпанското чудо од дете Ламин Јамал сезонава беше еден од клучните играчи во тимот на Чави Ернандез. Тој вели дека и самиот не е свесен дека ќе игра на Европско. Веќе има 7 настапи за Шпанија.

„Како да не беше многу одамна кога гледав Европско во дневна со мајка ми“, вели Јамал за Диарио АС во вторникот. Шпанците во сабота отвораат против стариот добро познат ривал Хрватска. Во меѓувреме одиграа две пријателски средби против прилично слаби противници, Андора (5:0) и Северна Ирска (5-1) и со 10 постигнати гола отпатуваа на Европско.

„Не дојдовме тука само да се појавиме, туку да се обидеме да направиме историја. Се надевам дека можеме да стигнеме далеку на Европското првенство“, додава Јамал кој вели и дека ќе ги гледа Олимписките Игри на телевизија но и уште нешто.

Ќе мора да учи додека е во Германија на Евро 2024.

„Си ја земав домашната, учам четири години во средно училиште. Имам онлајн часови и се надевам дека наставникот ќе заборави“, се пошегувал Ламин Јамал.

Тој ќе го носи дресот со број 19 и се очекува да биде главна ѕвезда во екипата. 

12 јуни 2024 - 09:23