Кралска изјава на тренерот на Бостон која се споделува во Америка

Џо Маѕула е крајно интересен лик. Има само 35 години а веќе прави големи успеси со Бостон Селтикс. На клупата на овој гигант седна во февруари 2023-та и во текот на целата сезона беше прв на табела во регуларен дел. Стигна до големото финале а таму води 2-0 со Далас и е на чекор од шампионска титула.

После вториот меч меѓу Селтикс и Маверикс, некоја новинарка го прашува Маѕула дали се запознал со кралското (британско) семејство и како тоа што тие го следеле мечот од првите редови влијаело некако врз тимот?

Маѕула: „Исус, Богородица и Јосип?“
Новинарката: „Принцот и Принцезата од Велс“?
Маѕула:„Не, јас сум близок само со една кралска фамилија. Не знам многу за таа што ја спомнувате“.

 

11 јуни 2024 - 09:26