Добро, пријателска е ова или финале на Европско?

По материјалот од Венеција, добивме нови убави видеа од наш драг читател. Овој пат од Варшава, каде Полска ја совлада Турција со 2:1. Да не верува човек дека вака може да изгледа атмосферата на пријателска средба. Кореографијата е на цел стадион обоен во црвно бела боја, знамињата на терен огромни, химната грми, а трибините крцаат, скоро 60.000 публика. Да гледаме и да учиме. Прекрасно.

11 јуни 2024 - 09:39