Втор дел фешта во Венеција, овој пат и на вода и на суво
Читател познат на редакцијата нѝ испрати обемен материјал од славјето на Венеција кое го фатил за време на неговиот престој. Прво славеа ноќта кога го остварија кам бекот во Серија А, но следниот ден со протокол. Најпрвин фудбалерите придружувани од навивачи пловеа со бродчиња по прекрасните канали, а потоа стасаа на славниот Пјаца Сан Марко, каде имаа голем пречек. Се враќаат во елитата по пауза од три години.