Offside

Горчлив 79-ти роденден на Вардар кој ја загуби европската битка против Рига во првиот меч од квалификациите за Конференциската лига.

Дрзок боксерски испад на голманот на Сарагоса

Хуеска и Сарагоса се борат за опстанок во втората шпанска лига, а крајот беше борба во вистинска смисла. Голманот на Сарагоса доби црвен картон во судиско, а потоа му се споија жичките и му влезе со бокс на еден од противничките играчи. Се очекува ова да му е последен меч за сезонава.

Кој си го фати негов си е

Фудбалер на Фенербахче се обиде да и даде дресот на жена му. Добар план, катастрофална реализација која елегантно и зад камери, можел да ја реши дома.

Фудбалер на Ајакс го повтори славниот гол на Ибрахимовиќ

Ајакс славеше 0-2 синоќа против НАК Бреда а Мика Готдс постигна прекрасен гол во стилот на Златан Ибрахимовиќ на времето. Интересно и Ибра го даде тој фамозен гол баш против истиот ривал НАК Бреда.

Еврогол на Македонецот Митровски во Словенија

Во мини дербито на словенечкиот фудбал меѓу Копер и Олимпија, домашните славеа 3-2 а најубавиот од сите пет погодоци беше дело на македонскиот фудбалер Димитар Митровски од слободен удар во 71' минута.

Некој ми го смалил голот?

Веројатно го имаме промашувањето на сезонава, бидејќи ова е најчистата ситуација еден на еден. Од едната страна Саид Eл Mала, од другата празен гол. Се случи на дуелот Келн - Баер Леверкузен 1:2. За 19 годишното крило на Келн, кој важи за голем талент, се крчка трансфер токму во Баер за сума од 35 милиони евра. Не веруваме дека ќе го повтори ова, затоа што се случува еднаш во кариера.

Денвер пак изгуби, Јокиќ направи хаос на паркетот

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Магична одбрана на Столе Димитриевски за која се зборува во Шпанија

Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски е јунакот на Валенсија во триумфот над Жирона 2-1 затоа што имаше вонсериска, неверојатна интервенција во последните секунди од натпреварот и го одбрани водството на домаќинот.

Коментар на сезоната кој го отсликува менталитетот на Арсенал

Веќе традиционално, кога се наближува крајот на сезоната, колку и да му оди добро, Арсенал не е Арсенал, ако не ја уплеска. Манчестер Сити им ја зеде лидерската позиција на само 4 кола до крај. Со други зборови, првиот коментар кажува сè.

Ѓоковиќ се сретна со новинарот кој го расплака во Париз

На доделувањето на наградите „Лауреус“ во Мадрид, Новак Ѓоковиќ имаше средба со шпанскиот новинар, кој по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз, му покажа фотографија од почетоците во Копаоник со рекет в рака. „Немој пак да ме расплачеш“, рече Србинот.

Хулк се запозна со највозрасната навивачка на Атлетико Минеиро

Атлетико Минеиро синоќа играл прв натпревар од 5. коло во Купот на Бразил и победил пред Сеара во дуел кој ќе има и реванш. Ветеранот Хулк и подарил дрес и ја израдувал највозрасната навивачка на Алетико Минеиро на возраст од 95 години.

А сте слушнале за трки во рикверц?

Во Холандија во '80-те години се одржувале масовно посетени трки на кои возачите возеле во рикверц наназад. Со коментатори, со студија, со предвидувања...

Куп натпревар на една ливада во Перу

Фудбалерите на Себољитас и Емпреса Комунал од Макари се сретнале во раната фаза од Купот на Перу каде играат илјадници клубови од целата земја. На секакви терени. Овој е посебно добар терен, на стадионот кој се вика „Тупак Амару де Сикуани“

Пиро-шоу во Штутгарт

Пред околу 60.000 гледачи Штутгарт на својот прекрасен стадион „МХПАрена“ го пречeка Фрајбург во полуфинале на германскиот Куп. Гостите први поведоа преку Максимилијан Егештејн во 28' минута, а домаќините израмнија преку Дениз Ундав во 70-та минута. Во продолженија Тиаго Томас постигна победнички гол за 2-1 во 119-та минута. Штутгарт ќе игра во финале против Баерн Минхен кој во средата го совлада Леверкузен на гости 0-2.

Во моментов карта за финале на Светско првенство се движи околу 2 милиони долари

Реномираниот британски Скај Њуз денес пишува дека на официјалната страница на ФИФА за препродажба и размена на влезници, за натпреварот во финалето предвиден за 19-ти јули во Њу Џерси, четири карти се продавале по вртоглави суми.

Што им значи 24 април на Црвена Ѕвезда?

Цел живот ќе се навраќаат на овој датум, додека постојат. Затоа што на Маракана им дојде Баерн кој доби клоца во газ. 24 април, 1991-ва. Ноќ за паметење обоена со црвена боја и емотивно прераскажана со легендарната „Небо се отворило“. Конечните 2:2 значеа пласман во финале во КЕШ. Останатото е историја.

Јокиќ и Мареј пак се испромашија, Минесота победи и сега води 2-1 во серијата

Минесота Тимбервулвс која го елиминираше Денвер Нагетс од доигрувањето за титулата и во 2024-та година, и сега повторно се покажува како тврд ривал за Јокиќ и другарите. Во третиот натпревар од серијата „волците“ славеа убедливо 113:96 а Никола Јокиќ имаше меч за заборав со огромен број промашени шутеви.

Италијанците го одбиваат предлогот на човек околу Трамп - не сакаат на Светско

Спортските и владини официјални лица во Италија остро и отворено го отфрлија предлогот на американскиот пратеник со италијанско потекло Паоло Ѕамполи, аѕурите да играат на Светско првенство наместо Иран.

Како Бернабеу од фудбалски го претвораат во тениски терен?

Реновираниот храм на Реал Мадрид не е место само за фудбал. Зафатот за инвестирање од 900 милиони евра беше со цел стадионот да биде во функција 365 дена во годината и за други спортови како кошарка, НФЛ, тенис, како и за концерти, модни изложби...Погледне ја оваа трансформација.

Вардарци направија роденденска фешта заедно со старите легенди

Вардар го доби Алкалоид со 30-27 и сега е на само еден бод до титулата во Суперлигата. „Црвено-црните“ ги собраа своите легенди во салата „Јане Сандански“ по повод 65. роденден, а ракометарите настапија во специјални ретро дресови.

ФК Фушерај

Детал од официјалниот ревизорски извештај на ФК Вардар од пред некоја година. Ај што ревизорот на ФК Вардар е цреп, ама барем Миленко да прочиташе дека потпишува извештај напишан на темплејт позајмен од ФК Силекс?

Голот на Халанд со кој Сити се врати прв на табела

Борбата за титулата во англиската Премиер лига го достигнува врвот. Манчестер Сити синоќа со 24-от сезонски гол во Премиер лига на Ерлинг Халанд го совлада давеникот Барнли 0-1 на гости, освои 3 златни бода и се врати на 1. место на табела. Имаат исто бодови со Арсенал по 70 и пазете ова, имаат по 21 победа, по 7 нерешени и по 5 порази со гол разлика +37 и едните и другите.

Дали хрватски судии го оштетија македонски ТФТ?

Кошаркарите на ТФТ Скопје се држеа до самиот финиш со Широки Бријег во финалето од баражот за пласман во АБА лигата но на крајот изгубија со многу убедливи 88-69. Практично 19 разлика на кои кумуваа и некои спорни судиски одлуки.

Ладнокрвноста и професионализмот на едно момче калено во нисколигашки фудбал

Едоардо Мота е тотален анонимус во италијанскиот фудбал. На 9 март дебитираше во Серија А како замена за повредениот првотимец на Лацио, Иван Проведел. Од тогаш врза 6 настапи. Синоќа заигра за прв пат во Куп и направи чудо. Им одбрани на Аталанта четири пенали и тоа по ред на ѕвездите Скамака, Запакоста, Пашалиќ и Де Кетелар.

Татко и син на колото

Кога сфати дека славел гол на погрешна екипа, и тој се разочара со татко му.