Како Интер и Пирели мотивираа сиромашни деца да учат школо?

Фудбалот е секогаш многу повеќе од она што се случува на теренот. За некого соништата почнуваат надвор од него.

Во 1999 година Пирели лансираше едукациски проект наречен Интер Кампус кој беше насочен кон посиромашните делови од Сао Паоло и целта беше едноставна: да менува судбини. 

Главна цел беа децата, а задачата беше и повеќе од јасна: доколку сакаа да носат комплет фудбалска опрема од Интер и од нивниот идол Роналдо тие мора да останат на училиште. Училницата беше пасошот, а наградата теренот.

Тогаш, носејќи ги боите на Нероаѕурите не беше мала работа. Значеше да се носат истите бои кои го носи Феноменот. За дете кое доаѓа од такво место тоа беше доказ дека невозможното сепак постои. Роналдо беше жив доказ за тоа надминувајќи ги сите тие препреки.

Идолите им даваат на луѓето многу повеќе од голови и трофеи, им даваат: надеж.
 
Им даваат до знаење дека иднината може да се креира од нивна страна. Кога спортот ќе ги здружи силите со образованието вистинскиот трофеј се трансформираните фамилии од образовани луѓе и граѓани за пример.

Ова е убавината на играта. За мене нема поголемо нешто од тоа кога животните вредности ќе се научат преку оваа убава игра.

Виа

19 август 2026 - 14:53