Интересно дури шест од вкупно 14 екипи во баражот за Лига на шампиони никогаш не играле во групна фаза на ЛШ: Ласк Линц, Викинг, Целје, НЕК Најмеген, Сабах и Хапоел Бер Шева.
БОДЕ ГЛИМТ ПРОТИВ СЕНЗАЦИЈАТА ОД ХОЛАНДИЈА СО ДУШАН ТАДИЌ
Норвешкото чудо веќе неколку години е стандарден учесник во еврокуповите. Жолто-црните сакаат втора година по ред да влезат во Лига на шампиони. Минатата сезона победија екипи како Манчестер Сити, Атлетико Мадрид и Интер од кого на крајот испаднаа во осминафинале.
Во новава сезона Буде Глимт го помина белгискиот Јунион Сен Жилоа со вкупен резултат 6:5!

На пат кон саканата Лига на шампиони сега ги чека НЕК Најмеген, сензацијата од минатата сезона во холандската Ередивизија. Екипата за првпат во клупската историја заврши во Топ3 во Холандија и стигна до финале на Куп. Сезонава НЕК Најмеген одново направи подвиг: го совлада богатиот Олимпијакос во 3. квалификациско коло.
етово НЕК во своите редови го донесе 37-годишниот Душан Тадиќ кој одигра дури 120 минути во реваншот со Олимпијакос каде имаше продолженија и имаше врвна асистенција за гол.
САБАХ ТРГНУВА ПО СТАПКИТЕ НА КАРАБАХ

Географијата на азербејџанскиот фудбал во Лига на шампиони може да се рашири. До оваа сезона во групна фаза играше само Карабах но минатата сезона место во квалификации за ЛИГА НА ШАМПИОНИ избори Сабах благодарение на првата историска шампионска титула во Азербејџан.
Сабах стартуваше од 1. квалификациско коло и досега ги урна: Њу Сеинтс од Велс, КуПС од Финска и данскиот првак Орхус кого во реваншот го згромија со 4-0!
Сега ги чека Хапоел Бер Шева шампионот на Израел кој стартуваше од 2. квалификациско коло и прво со голема мака го совладаа исландски Викингур (3:2 вкупен резултат) а во следното 3. коло направија големо изненадување откако со леснотија ја совладаа очајната Црвена звезда која после тоа се збогуваше со тренерот Дејан Станковиќ.
Од овој пар Сабах - Хапоел Бер Шева ниедна екипа никогаш не влегла во Лига на шампиони така што минимум еден новајлија е загарантиран во новата сезона на ЛШ.
ФЕНЕРБАХЧЕ ПРОТИВ ЛИОН - КОЈ ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ЛШ ПОСЛЕ ДОЛГА ПАУЗА
И Фенербахче и Лион важат за два гиганти на европскиот фудбал но долго не влегле во Лига на шампиони. Турскиот клуб последен пат играше ЛШ во далечната 2008-ма година а француски Лион во 2019-та! Во 2025-та година играа меѓусебе во Лига Европа и резултатот беше 0:0.
Фенербахче успешно ги мина досега квалификаиицте против полски Гурник и австриски Штурм Грац. Лион се врати после голем пресврт против шампионот на Чешка Спарта Прага - победа дома 3:0 после пораз 2:1 на првиот меч.
Фенербахче летово се засили: дојдоа Мејсон Гринвуд, Ромелу Лукаку, Натан Аке и Ведат Муричи. Лион на почеток на сезонава игра во добра форма.
ВИКИНГ САКА ВО ЛШ ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈА, ДИНАМО ЗАГРЕБ МУ Е ПРЕЧКА
Сезонава во ЛШ за првпат во историјата може да влезат 2 норвешки екипи. Викинг во 2025-та првпат после цели 34 години стана шампион на Норвешка - за само 1 бод го претркаа Буде Глимт во финишот. Затоа Викинг играше од баражот а Буде Глимт квалификациите ги почна порано.
Сега ривал на Викинг ќе му биде Динамо Загреб кој верувале или не, 21 година по ред редовно игра во еврокупови!
Хрватскиот првак по патот до ЛШ ги помина швајцарски Тун и литвански Жалгирис. Норвешкиот Викинг има далеку поскромно искуство во еврокуповите: првпат играле квалификации Лига на шампиони во 1992-ра година а во групна фаза влегле во Куп на УЕФА 2005/2006.
НИКОЛИЌ ГО ВРАЌА АЕК ВО ЛШ ИЛИ ЛЕВСКИ ПРАВИ ЧУДО?
Првата сезона на српскиот тренер Марко Николиќ во АЕК беше повеќе од успешна: освоија шампионска титула во Грција и стигнаа до четвртфинале на Конференциска лига. Испаднаа од идниот финалист Рајо Ваљекано.
Сега АЕК Атина сака првпат во ЛШ после 2018-та година.
Голема надеж полагаат во Лука Јовиќ кој потпиша нов договор. Тој минатата сезона постигна 21 гол во сите натпреварувања а во новата сезона веќе има гол во Суперкуп на Грција.
Левски од Софија ќе им биде ривал. Бугарскиот првак конечно после 14 години го симна од тронот Лудогорец. Сините играа Конференциска лига во 2023-та и 2025-та а во Лига на шампиони не биле уште од 2006-та година!
СЕЛТИК НЕ ИГРАЛ 10 ГОДИНИ ВО ЛШ
Шкотскиот шампион Селтик сака да го тргне проклетството од квалификациите за ЛШ. Последен пат таму беа во сезоната 2017/2018 кога во решавачкиот бараж победија во двомечот против Астана од Казахстан со вкупен резултат 8:4.
Од тогаш досега Селтик имаше дури шест (6) обиди да се пробие во Лига на шампиони но ниту еднаш не успеа. На пример пред една година сензационално испаднаа од Каират!
Сега ќе играат против австрискиот првак ЛАСК и имаат голема шанса. Овој клуб ниеднаш не играл во Лига на шампиони, но еден нивен нов играч, Мигел Фреклтон кој дојде во ЛАСК од Сент Мирен знае како да го победи Селтик: лани славеше во финалето на шкотскиот Лига Куп.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, КВАЛИФИИКАЦИИ, ПОСЛЕДНО 4. КОЛО:
ДИНАМО ЗАГРЕБ - ВИКИНГ
ЛЕВСКИ - АЕК АТИНА
ФЕНЕРБАХЧЕ - ЛИОН
СЕЛТИК - ЛАСК
СЛОВАН - ЦЕЛЈЕ
ХАПОЕЛ БЕР-ШЕВА - САБАХ
НЕК - БУДЕ ГЛИМТ