Интер и официјално на три кола до крај математички ја обезбеди шампионската титула. Со триумфот над Парма од 2:0, сега се на недостижни +12 пред Наполи кој ремизираше против Комо. Кристијан Киву, кој е трикратен првак со Интер како играч, слави титула во деби сезоната на кормилото. Славјето традиционално се случуваше на Пјаца Дуомо.
Шампионот Денвер Нагетс со 120-114 го доби големото дерби против Голден Стејт Вориорс. Џамал Мареј беше најефикасен со 28 поени, 5 скока и 3 асистенции. Никола Јокиќ уфрли 26 поени со 14 скока и осум асистенции за дабл-дабл учинок. Ефикасни беа уште и Мајкл Портер со 19 поени и 10 скока, Арон Гордон со 16 поени и 10 скока.
Легендарниот италијански судија сè уште е вклучен во фудбалот и тоа како член на судиската комисија во УЕФА, претседател на судиската комисија на ФИФА, шеф на судиите во Фудбалската федерација на Украина и консултант на Италијанската фудбалска федерација.
На Борусија Дортмунд и се падна годината да ја заврши на 19 декември против Мајнц, токму кога клубот слави 114 години од основањето. Навивачите им се неприкосновени за кореографии. Погледнете како работат на случајот по хангари, за на крај да создадат величествена атмосфера.
Норич со 2-0 го победил Хадерсфилд во 23. коло од англиската втора лига Чемпионшип. Ама тоа не му било многу важно на една стара кајла, навивач на гостите од Хадерсфилд.
Според пишувањата на СпортМедиjа.мк, Дебар маалци сосема неочекувано зимава ќе приходуваат за домашни услови огромни 650.000 евра од трансферите на нивни двајца поранешни фудбалери.
Три месеци откако се прослави Иван Проведел, се најде нов јунак кој успеа во истата минута и на ист начин да му донесе бод на својот тим. Далеку е ова натпреварување од ЛШ, ама нема послатно нешто за голман, без разлика на рангот. Херојот се вика Марк Казинс од англискиот петтолигаш Ебсфлит Јунајтед.
Кенан Јилдиз е роден на 4-ти мај 2005-та година. Има само 18 години а веќе важи за најголема надеж во големиот Јувентус. Тој е роден во германскиот град Регензбург каде почнал да игра фудбал во клубот Салерн како мал. Стигнува и до академијата на Баерн Минхен а Јувентус во јули 2022-ра го зема како слободен играч.
Валтер Мацари стана хит викендов откако италијанските медиуми објавија дека поради долгата прес конференција го испуштил клупскиот автобус, па морал да викне такси за да стигне до Неапол кој се наоѓа на скоро 200 км од Рим. Стратегот на Наполи точно е дека заминува со такси, но Кориере дело спорт објаснува дека тоа го направил поради лични семејни причини и во договор со клубот.
После 18 одиграни кола во шпанската Ла Лига, Атлетико Мадрид е трет на табела со 38 освоени бода, седум помалку од првопласираните Реал Мадрид и Жирона. Маркетинг тимот на Атлетико Мадрид во меѓувреме сними прекрасно празнично видео кое ги стопли навивачите.
Фенербахче и Галатасарај одиграа без голови, ама турско дерби од таков калибар не може да помине тивко. Мауро Икарди објави слика од помодрено око. Мислевме дека му е од стативата, со која имаше доста близок и непријатен контакт, но модрицата му е од удар од противнички играч.
Дваесет и четири годишниот Ѓорѓе Петровиќ е роден во Пожаревац во октомври 1999-та година. Тој почнал да брани во малите клубови Рудар Костолац и Пресинг Пожаревац. Во 2014-та година доаѓа во белградски Чукарички. Во 2022-ра прави изненаден и неочекуван трансфер во Њу Ингланд Револушн во американската МЛС лига и од таму доаѓа во Челси во август 2023-та. Трансферот му беше вреден 12,5 милиони фунти.
Лука Дончиќ беше хит на вечерта во НБА. Пред големото дерби на Тексас со Сан Антонио, фантастичниот Дончиќ се кладел со тренерите дека ќе погоди од пола терен и тоа свртен со грб. Кладбата била склекови па на тренерите не им останало ништо друго.
Младиот српски репрезентативец, Иван Илиќ го има голот на колото во Серија А. Во последните минути од мечот во кој Удинезе имаше водство од 0:1, кога сите мислеа дека Илиќ ќе нафрла, тој ги изненади сите и му донесе бод на Торино.
Се вика „Captains of the world“, направен е со капитените на сите 32 земји учеснички на Мундијалот, меѓу кои Меси, Роналдо, Мбапе, Модриќ, Кејн, Бејл...Ќе има 6 епизоди, а радоста е уште поголема, што нема многу да чекаме. Стартува на 30 декември.
Освои 3 од можни 4 Гренд Слем титули, стигна до рекордна бројка од 24, како и до 40 Мастерс пехари, плус ја мина и границата од 400 недели на врвот на АТП. За челичниот Новак ова е уште една импресивна сезона во неверојатната кариера, остварена на 36 години. Уживајте во изборот топ 5, направен од Еуроспорт.
Годината ја завршува со титула вкупна петта со ПСЖ, но и со јак голгетерски учинок од 52 погодоци за клуб и репрезентација. До своите 25 години кои ги наполни пред два дена, веќе има страшна бројка од вкупно 308 голови во кариерата.
Во јуни минатата година го напушти не баш популарниот унгарски шампионат и веднаш стана име во Шкотска и незаменлив на позиција 9. Во првата сезона блесна со 18 гола, а во оваа веќе има 14. Не се дочитуваат позитивните коментари за него. Некои го сметаат и за најдобар шпиц во лигата, а меѓу нив и тренерот на Ливингстон, Дејвид Мартиндејл во изјава за клупскиот канал откако им направи пресврт со два комада.
Што и да се случи до крајов на годинава на кошаркарски план, нема да може да му го земе приматот на Тајлер Дорси од Фенербахче. Ваков поен ни во НБА не сме виделе. Не само преку табла, туку и преку семафор и тоа за победа над турскиот тим против Жалгирис. По лудиот шут Дорси погоди и дополнително слободно фрлање за конечни 80:76.
Приказната меѓу македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Наполи завршува. Некогашниот фудбалер на Работнички и Фенербахче може да се пофали како втор фудбалер од земјава кој освоил шампионско скудето со клубот на кој последна титула му донесе претходно големиот Диего Марадона.
Кадиз и Реал Сосиедад одиграа натпревар без голови и со еден фаул нетипичен за фудбал. Жртва е Такефуса Кубо, а насилникот кој помина само со жолт картон се вика Рубен Алкараз.