Offside

Раното испаѓање на Никола Јокиќ и Денвер Нагетс и пласманот на ЛА Лејкерс без Дончиќ и делумно без Остин Ривс во следна рунда се главни настани во првата рунда од трката за титула во НБА лигата.

Другар, фудбал е ова, не е фрлање ѓуле

Кадиз и Реал Сосиедад одиграа натпревар без голови и со еден фаул нетипичен за фудбал. Жртва е Такефуса Кубо, а насилникот кој помина само со жолт картон се вика Рубен Алкараз.

Забивање на денот

Оклахома Сити Тандер убедливо со 134-115 го совлада ЛА Клиперс и им ја прекина неверојатната серија од девет победи по ред. Лидерот на „громовите“, канадскиот репрезентативец Шеј-Гилџес Александер имаше врвна вечер со 31 поен, осум асистенции, четири скока и четири украдени топки, но потегот на вечерта го изведе младиот руки Чет Холмгрен кој притоа постигна 23 поени со 9 скока.

Денвер дошол во Њујорк, сите низ град, Јокиќ на едно друго место

Уникатноста на Никола Јокиќ се состои во неговата едноставност на живеење. Додека сите негови соиграчи пред мечот со Њујорк Никс искористиле слободна вечер да прошетаат низ „престолнината на светот“, Јокиќ се упатил во едно предградие надвор од градот за да го посети хиподромот за трки на коњи Јонкерс.

Епска бламажа на Ајакс за неверување, елиминиран е во Куп од четвртолигаш со гол во 93-та

Херкулес се наоѓа на 10 позиција во четвртата холандска лига, а Ајакс е 36 кратен првак и четири кратен европски првак со 20 Куп трофеи. Тренерот се држеше за лице и не можеше да го апсорбира нереалниот успех кој го направија.

Ненормални реакции по примен гол од Реал Мадрид

Реал Мадрид се извади на гостувањето кај Алавес и со гол буквално во последни моменти од мечот, во 90+2’ минута од судиското продолжение победи со гол на Лукас Васкез. Реал Мадрид играше со играч помалку од 54 минута а со триумфот се искачи на прво место на табелата. По примениот гол на крајот, тренерот на домашните Луис Гарсија Плаза почна неконтролирано да фрла предмети и да ги тегне своите играчи.

Неверојатен гол во Индија

Во 12. коло од индиската Супер лига, екипата на Џамшедпур на гости го победила последнопласираниот Хидерабад со 0-5. Хет-трик за гостите постигнаал 32-годишниот центарфор Даниел Чима Чукву. Од трите гола еден му е сигурно најубав во кариерата.

Чудниот начин на игра без топка на Рудигер

Антонио Рудигер има некој несфатливо специфичен начин на игра во одбрана еден на еден, кој не го практикува прв пат. Ова е снимка од синоќешното гостување на Реал против Алавес кое го доби со 0:1 со гол во 92-ра минута.

Ракометна утка на векот на еден од најдобрите десни крила во светот

Во фудбал се случува, ама за ракомет ова е нетипично промашување на празен гол и тоа на Аркадиуш Морито од Кјелце, кој ваква шанса со заврзани раце треба да ја реализира. За ужасот да биде поголем, Кјелце како владетел во полскиот ракомет, загуби дома од Висла Плоцк со 28:29 и ова им е замислете прв пораз на домашен терен во првенство по 2011-та или после серија од 189 меча.

И Пескара се јави за Суперлигата

Топ тема на денот е правната битка која Суперлигата ја доби на суд против ФИФА и УЕФА. Флорентино Перез и неговите сојузници на идејата се радуваат, а клубови како Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Атлетико се јавија со соопштение дека се против. Италијанскиот третолигаш Пескара е воздржан.

Ракометарите заминаа за Стара Пазова со хитот „Македонија“

Македонската ракометна репрезентација во следните 10 дена за ЕП 2024 ќе се подготвува во Стара Пазова, Војводина. Предизвикот е тежок, потребна е дополнителна мотивација, а тоа е големиот хит на Дадо Топиќ. Во група сме со Германија, Франција и Швајцарија, а стартуваме против Французите на 10 јануари.

Како премиерлигашот Вест Хем ги одбележува јубилеите

Џарод Бовен (27) е најомилен играч меѓу навивачите на Вест Хем, а синоќа после мечот со Ливерпул (5-1 за црвените во Купот), Јирген Клоп изјави дека центарфорот Бовен му е најомилен противнички играч во Премиер лига. Шпицот има 5 настапи за Англија. Во Вест Хем е од 2020-та и досега има повеќе од 50 гола за „чеканите“. Само сезонава тој постигна 12 погодоци на 22 настапи во сите натпреварувања.

7 црвени и 11 жолти картони во Индија - судијата го заболела рака

Во дербито од индиската Супер лига, Мумбаи Сити со 2-1 го победил Мохун Баган. Овој меч влегол во книгата со рекорди на индискиот фудбал како натпревар на кој се поделиле дури 7 црвени и 11 жолти картони!

Незаборавната навивачка изведба на Џингл белс

На 19-ти декември 2009-та година кога Борусија Дортмунд славеше 100-годишнина од основањето, на околу 14 степени Целзиусови, цел стадион ја пееше Џингл-белс во еден глас. Сцена која ретко се доживува.

Нови супер партии за Лука Дончиќ и Никола Јокиќ со кинески бренд патики

Јокиќ одбележа уште еден триумф на шампионот Денвер Нагетс, откако синоќа во победата против Торонто 113-104 блесна со нов дабл-дабл учинок. Дончиќ запиша трипл-дабл но неговиот Далас Маверикс изгуби од ЛА Клиперс.

Кулминација од турски хаос со 6 црвени картони и тепање на сите страни

Нова трета епизода за 10 дена во турскиот фудбал која излезе од контрола. Овој пат во трета лига, каде падна многу ќотек на сите страни. Еден играч е исфрлен од тим.

Да ѕирнеме во авионот со кој патува Барселона

Барса се врати на победнички патеки во Ла Лига откако со 3-2 синоќа ја совлада Алмерија со головите на Рафиња во 33-та и Серхи Роберто два, во 60-та и 83-та минута. А интересно е да се види во каков авион се возат.

Килијан мајсторе од кај ги вадиш овие удари?

Мбапе ја заврши 2023-та на совршен начин. Постигна два комада од кои едниот еврогол за победа на ПСЖ против Мец од 3:1. Плус брат му Итан дебитираше на 16 години и сето ова се случи на 25-от роденден на Килијан. Француско продолжува на 12 јануари.

Нов блесок на Миовски со два прекрасни гола за пресврт на Абердин

Шкотска дефинитивно се покажа како идеална средина за македонскиот центарфор кој решета скоро на секој натпревар. На конто сезонава има 14 гола на сите натпреварувања од кои 8 во првенство.

Елмас и Германците

Трансферот на Елиф Елмас во Лајпциг кој треба да се реализира во јануари, го потврди и Фабрицио Романо, најголема манга меѓу инсајдерите со 19 милиони следбеници на Твитер. Под неговиот твит има 290 коментари. Првиот е со следново видео:

Мирослав Михајловиќ: Работата како тренер ми прави да се чувствувам поблиску до татко ми

„Беше невозможно да го убедиме да престане со работа. Една недела пред смртта пешачевме заедно 10 километри на дожд. Кога почна да истура, рече: Да почекаме да престане, па да продолжиме. Беше лав во кафез“.

Супер тренинг на Калин Ивановски со Ѓоковиќ

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски веќе неколку дена во Дубаи тренира и се спрема за новата сезона. Неколку пати е во друштво на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ кој му дава совети за да му ја подобри играта на Калин кој со 19 години има амбиции да го подобри своето место на АТП листата. Во моментов е на 325-та позиција.

Стариот добар Рој Хоџсон на 76 години

Хоџсон во моментов е тренер на Кристал Палас со кого му извади огромен бод на шампионот Манчестер Сити (2-2) по негатива од два гола и се надева дека ќе тргне да бележи добри резултати по неколкуте порази.

Навивачите на Рајо да ти биле добри психолози

Рајо Ваљекано е забавен клуб со интересни навивачи. Екипата на нашиот Столе Димитриевски од година во година игра речиси исто: ќе ги победи Барселона и Реал Мадрид, ќе биде при самиот врв неколку кола и после ќе им почне падот. Сега имаат четири порази на последните седум меча и се на 11-то место на табелата. Навивачите од групата „Буканерос“ кои важат за тврди левичари на синоќешниот меч со Валенсија извадиле убава утешителна парола.

Од Чуамени и Камавинга на Анчелоти му излезе Чуаменинга

На толку сменети клубови, успеси и работа со стотици и стотици играчи во 30 годишната кариера, на 64 годишниот Дон Карло му се простува. А и не дека му е лесно и звучно името за памтење. Aurélien Tchouaméni. Треба да сурфа на нет човек за да му го изговори точно, освен ако не знае француски.