Холанѓани си немале работа, па сред ноќ ѕвонеле во хотел кај Французите

Европско првенство секогаш носи добар фудбал (не и овојпат), забава, пиво и многу музика. Ама носи и полу-кретени кои за момент слава да се истакнат во прв ред, измислуваат разни глупости. Пример некои млади Холанѓани од некое локално радио решиле ноќта во 3 часот после полноќ пред мечот Холандија - Франција да ѕвонат во хотелот кај Французите на рецепција и да бараат да ги врзат со претседателот на фудбалската федерација на Франција. Човекот збунет.

Па уште на цела мака му кажува француски зборови - кроасан, тротоар, портомоне. Кога сфатил што е, Филип Диало ги пцуел на француски:

 

2 јули 2024 - 09:09