Алесио Черчи за Италија: „Па кај нас Јамин Ламал не би ни играл, кај нас играат 35+ годишни со проблеми“

Катастрофалното издание на Италија на Еуро2024 повторно ги покрена дискусиите за италијанскиот фудбал, за недоволниот простор кој младите го добиваат или поточно воопшто не го добиваат. Во центар погоди Алесио Черчи, некогашниот фудбалер на Рома, Бреша, Пиза, Аталанта, Фиорентина, Торино, Атлетико Мадрид, Милан, Џенова, Верона и други.

Селекторот на Италија Лучано Спалети на себе ја презеде одговорноста за слабите игри и резултати на аѕурите кои како актуелни европски прваци предвреме си одат дома. Покиснати од Швајцарија која ги развали во секоја фудбалска смисла.

Во што лежи проблемот на италијанската репрезентација? Некои тврдат во големиот број странци во нивните првенства (Серија А, Серија Б). Како и во недовербата кон младите.

Од друга страна најдобар играч на Шпанија на првенствово и еден од најдобрите на цело Еуро2024 е 16-годишниот школарец Јамин Ламал. Растура со дриблинзи, разигрувања, асистенции...

„Најјак од сите е Јамал (Ламин). Тој е неверојатен. Никогаш не сум видел толку добар млад играч. Во Италија тој не би играл, ние немаме култура: ние претпочитаме 35-годишен играч со физички проблеми. Јамал во Италија би поиграл малку за младинци, после би го пратиле на неколку позајмици во Серија Ц или Серија Б и после би го изгубиле од вид.

Михајловиќ беше еден од малкумината кој веруваше во младите. Тој и го пушти Донарума во прв тим кога го стави Лопез на клупа за резерви“, вели Алесио Черчи кој играше за еден куп италијански клубови и точно знае каква е состојбата во италијанскиот фудбал.

Неговата реченица отворила дискусија. Ако се гледа фактографски, Англија е земја со најмал процент на домашни фудбалери (29,9%) во своите домашни лиги и со најмал процент на домашни стрелци на голови (30,8%).

Но Италија е веднаш до Англија со само 36% домашни фудбалери во своите првенства и со 31,4% од вкупниот процент на стрелци на голови домашни играчи.

„67% од играчите во Серија А се странци. Италијанската фудбалска федерација упорно се спротивставува на барањата на клубовите да се либерализира регистрацијата на играчите од земјите кои не се во Европскиот сојуз. Клубовите немаат култура на донесување кон таквата фундаментална работа како што се младинските сектори“, рекол претстедателот на италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина.

Ако се погледнат процентите на играчи од домашните локални првенства на Еуро2024:

Англија е прва со 92% фудбалери во репрезентација од домашни првенства, Италија е втора со 88% од свои првенства, Германија е трета со 77%, Шпанија има 73%, Франција само 32% од домашната лига.

1 јули 2024 - 14:26