Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Денот ни го направи видеово од ЕП 2024

Добро побогу од каде идеиве и кој се занимава со вакво нешто за време на ВАР ситуации? Генијалци.

Најгневниот италијански навивач на ЕП 2024

Веќе неколку дена траат критиките на адреса на италијанската фудбалска репрезентација која како бранител на трофејот се посрамоти во Германија. Ама никој не го искажа револтот како овој. Во прашање е свето нешто.

Не ти е ова НБА: Директор на маркетинг на Рома добил отказ поради лацијалска боја

Мајк Вандел, комерцијалниот директор и директор по бренд во италијанскиот клуб Рома е отстранет од работа поради тоа што дозволил во продажба да се најдат нова гарнитура дресови, блузони и тренерки од Адидас на кои има боја која потсеќа на главната боја на мрскиот градски ривал Лацио. Тифозите на Рома веднаш кренале глас, претседателот на клубот Ден Фридкин лично се впуштил во приказната и Мајк Вандел добил отказ.

Магијата на Вимблдон

Најстариот тениски турнир на светот, оној на Вимблдон започна на 1-ви јули од понеделник и ќе трае до 14-ти јули. Веќе активно се игра втората рунда и кај мажите и кај жените. Посебно внимание има на кулниот Централен терен.

Дончиќ шутна тројка преку Зубац и се посрамоти

Словенија доживеа дебакл од Хрватска (108:92) во квалификациите за Олимписките игри. Лука Дончиќ оствари трипл дабл од 26 поени, 11 скока и 10 асистенци, но изјави дека статистиката му била ужасна бидејќи шутирал 8/23. Во НБА дуелот со Ивица Зубац попи банана уште во првата лоша четвртина за Словенците.

Има нова финта во фудбалот - се вика Чигвада

Наречена е по младиот 16-годишен фудбалер на Манчестер Сити У17, Давид Чингвада. Овој голем талент на меч со Ајакс У17 направил штос кој го понесува неговото име.

Епски дуел Тадеј Погачар - Вингегард на Тур де Франс

Дваесет и пет годишниот словенечки велосипедист Тадеј Погачар си ја врати лидерската „жолта маичка“ по напорниот триумф во страшната четврта планинска етапа на Тур де Франс долга 139,6 км. Ова е 12-та етапна победа на Погачар кој водеше епска битка со ривалот Јонас Вингегард пред кого сега има 50 секунди во генералниот пласман.

Изјава пред мегданот од Шпанецот Хоселу

Утревечер, петок од 18:00 се игра големиот европски класик меѓу Германија и Шпанија. Четвртфинале на Европско првенство. Битка на титаните. Две селекции кои покажаа најмногу од сите останати на турнирот. Ќе биде штета која и да испадне од игра за трофејот. Ветеранот Хоселу (34) кој играше во Реал Мадрид со легендата Тони Крос за неговиот другар од репрезентацијата на Германија вели:

Како Арда Ѓулер ги стиши австриските навивачи

Голема битка се водеше меѓу Турција и Австрија во 1/8 финалето на Еуро2024. И турските и австриските навивачи беа толку внесени во мечот што во налет фрлаа секакви предмети по теренот. И едните и другите. При еден корнер од кој Турција поведе, Арда Ѓулер бил гаѓан од австриска страна со сè што ќе им се најде. На крај им одговори со стил.

Тејлор Фриц мајсторе од кај го извади ударов?

Американецот Тејлор Фриц како 13-ти на АТП целосно ја оправда фаворитската улога против Кристофер О'Конел во првото коло од Вимблдон и го збриша со 3:0. Погледне го што стигна и каков поен освои. Маестрално.

Соиграч на Столе со песна ја водеше големата толпа во Тбилиси

Грузија е најубавата фудбалска приказна на ова Европско првенство, бидејќи како најслабо рангирана селекција и како дебитант, успеа да победи една Португалија и да се пласира во осминафинале. Сцените од Тбилиси се велелепни, а огромниот пречек за борбените фудбалери целосно заслужен. Голманот на Валенсија, Мамардашвили беше во елемент.

И Мајк Тајсон навива за Турците

Бизнисменот Вахап Огуз Арслан кој е близок пријател со Тајсон изјавил дека долго работи на разни проекти со легендарниот боксер. Воодушевени од играта на турската фудбалска репрезентација, решиле да ги изненадат фудбалерите со потпишана боксерска ракавица. Специјално од Тајсон како поддршка за понатамошните борби на Еуро2024. За возврат му пратиле дрес потпишан од сите репрезентативци.

10 години од незаборавното ремек дело на Давид Луиз

Јаки времеплови и јубилеи вади месец јули. На денешен ден на СП 2014 домаќинот Бразил славеше над Колумбија во четвртфинале со два гола на двајца дефанзивци, Тиаго Силва и Давид Луиз. Некои слободни удари едноставно не се исти како сите други. Давид изгледа има вечерано со Жунињо.

Најлудата одбрана на Европското со разни коментатори

Турскиот коментатор од државната телевизија ТРТ падна во транс, а шокирани од одбраната на турскиот голман Ѓунок Мерт во последните секунди од мечот со Турција беа и други светски коментатори.

Добри поенти за (не)успесите на Пикси

Дарјан Недељковиќ од Моцарт спорт со едноминутно хируршки прецизно излагање.

Турски машиновозач на денот

Турците се познати како нација која френетично следи фудбал, а можете да замислите како е кога ја пратат репрезентацијата на големи натпреварувања. Така и со еден машиновозач кој го сопрел својот воз за момент, за да ги поздрави присутните кои славеле победа во 1/8 финале против Австрија (2-1).

Вимблдон веќе го има најјакиот поен на турнирот

Што се вели уште не почнат, најелитниот тениски турнир во светот веќе ни го носи поенот на турнирот и дефинитивно еден од најатрактивните во историјата на Вимблдон. Празникот во должина од 40 секунди ни го носи Лојд Харис од Јужна Африка, 91-ви на АТП. Ни доаѓа и ние во канцеларија да му станеме.

Фудбалска страст во Мароко препознаена во Германија

Некоја вест и од клупски фудбал, ретко видена. Но Германци се тоа. Прашајте ги Комити за навивачите на Шалке.

Статус на денот кој кратко и јасно го опишува Европското

Швајцарија до 92-ра имаше победа над Германија, а во осминафинале ја елиминираше Италија. Англија ја победи тенко Србија и се спаси во 95-та минута со Словачка. Франција е четвртфиналист со два автогола и пенал. Белгија загуби од Словачка и е веќе елиминирана, Грузија ја победи Португалија, која пак се извади со Словенија на пенали. Хрватска не победи никого, а во топ 8 се наоѓа Турција. Доволно е? Поранешниот македонски репрезентативец, Панче Ќумбев без филозофирање и со една реченица ги констатираше фактите на ЕП 2024.

Мертезакер со збор-два за шпанската игра

Шпанија е светска спортска империја. Нема спорт во кој не се при врвот. Така е и на актуелното Еуро2024 каде „црвената фурија“ покажа најмногу од сите. Играат неверојатно убав фудбал и се одвојуваат од сите други со својот стил. Некогашниот стопер на германската репрезентација и Арсенал, Пер Мертезакер во кратки црти ги опишува.

Австриските навивачи и рандом бабата

Симпатични сцени од Лајпциг забележани пред мечот меѓу Австрија и Турција. Австријците здогледуваат баба на балкон, ѝ мавтаат и сите во хор и скандираат да возврати на поздравот. Мисијата е успешна, забавата спонтана.

Големо турско славје во Скопје, цели улици блокирале

Победата на Турција против Австрија во осминафинале на големо се славеше во Турција, се разбира во Германија, но и во Македонија. Под стоковна куќа Мост не можело да се помине со кола.

Што означува гестот што го направи турскиот јунак Мерих Демирал?

Некогашниот стопер на Сасуоло, Јувентус и Аталанта, Мерих Демирал со два прекрасни гола со глава после корнери беше најзаслужен што Турција ја совлада Австрија 2-1 во 1/8 финале и се пласираше во 1/4 финале каде ја чека Холандија.