Тухел според договорот ќе почне со работа на 1-ви јануари а истиот му важи до јули 2026-та.
Оваа вест ја разбрани фудбалска Англија која не може да се помири со фактот дека „Германец ќе ја води селекцијата на земјата од каде потекнува фудбалот“.
Уште на прес-конференцијата на која беше претставен, Тухел бил бомбардиран со прашања од типот ќе ја пее ли химната, има ли англиски пасош, што мисли за критиката од колегите и слично.
„Имам германски пасош, извинете. Не знам дали ќе ја пејам химната но ќе работам со сета страст. Ова е многу важен предизвик“, рекол Тухел.
Гери Невил, некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед и Англија жестоко се побунил против овој избор на ФА:
„Знаете дека пред 20-ина години јас го поддржав назначувањето на Свен-Горан Ериксон но на крајот на тој период сфатив дека беше нанесена голема штета врз англиските тренери и го сменив мислењето.
Гарет Саутгејт ја врати довербата кон англиските тренери, но сега избираме друг пат. Федерацијата треба да одговори на неколку тешки прашања кои се поврзани со англиската тренерска школа. Мислам дека си штетиме сами на себе. Англиските тренери имаат една од најлошите репутации во Европа. Ние немаме идентитет и не создаваме свое, само копираме идеи од странски стручњаци. Треба да им дозволат на англиските тренери да пркнат, а тоа сега не се случува. Жалам, лично верував дека тој период го оставивме далеку зад нас.
Назначувањето на Тухел не е стратегија. Тоа е инстинктивно решение. Тоа е одговор на се што се случуваше со репрезентацијата во последно време. Сами си штетиме. Имаме толку стручњаци како Еди Хау и Грем Потер. Не знам зошто не им се дава шанса“.
КРИТИКИ И ОД ДРУГИ КОЛЕГИ
Ветеранот меѓу тренерите, стариот Хари Реднап исто го критикувал назначувањето на Томас и се нарекол себеси „англиски патриот“. Дин Ештон пак додал: „Не сум многу разочаран. Ми се допаѓаа неговите екипи. Многу се бранат и не напаѓаат први. Секако тој освој Лига на шампиони со Челси но не заборавајте дека поминаа група со Франк Лампард а Пеп Гвардиола сам се победи во финалето“.
Тренерот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер додал дека „и тој сака Англичанец да ја води нашата земја“.
Еден од ретките кој прв застана во силна одбрана на Тухел беше Рио Фердинанд кој вели дека Германецот е одличен стратег.
„Сигурен сум: ако освоиме пехар, тогаш истите тие автори на тие статии (против Германецот Тухел) ќе пијат пиво, ќе урлаат, ќе играат, ќе скокаат што „нас не тренира“ Германец.
НА ТОМАС МУ РИПНАЛЕ И ВЕСНИЦИТЕ
Познатиот англиски весник Дејли Мејл излезе со скандалозна насловна страна со натпис: „Мрачен ден за Англија, „Трите лава“ се коцкаат со ГЕРМАНЕЦ, но Тухел има само 18 месеци да докаже дека може“.
Британски Сан ставил насловна со натпис на германски јазик: „Фудбалот се враќа дома“ (Footbal's coming home). Во анкета на Сан, 54% од испитаниците одговориле дека назначувањето на Тухел е грешка а 46% чекаат трофеи и се задоволни.
КОИ СЕ ЗА?
Покрај Рио, поддршка дал и легендарниот Алан Ширер: „Едноставно е, сакаме трофеи. Нам ни треба селектор кој може да ни ги донесе. Сеедно ми е на кој начин ќе успее“.
Гари Линекер рекол: „Не мислам дека е важно (дека Тухел е Германец). Не патам поради тоа. Секак лично би сакал мојата земја да ја води англиски тренер но од некоја причина ние не донесовме на свет генијални тренери. Не ги знам причините. Но ако Англија го освои Светското првенство за некое чудо, тогаш никој нема да зборува за националноста на селекторот и тој ќе стане херој“.