Навивачи на Вардар до Миленко: Од вакви партиски полтрони избега цела младина од Македонија

„Тоа здружение со кое се потсмева, беше формирано како жртва на навивачи на Вардар за да го спасат клубот од пропаст, додека он не знаеше ни каде се наоѓа стадионот во минатите 25+ години, откако претходно распадна два други прволигаши. Тоа здружение направи една приказна на која секој во светот може да позавиди и која тие што партиски те инсталираа во Вардар, многу паметно си ја користеа во својата кампања“.

Навивачи на Вардар на Фејсбук познати како „Фанови на СД Вардар Скопје“, му реплицираа на Миленко Неделковски.

Револтирани се, посебно што ниту еднаш не ги споменува како Комити кои го спасија Вардар, туку како Здружение на граѓани кое сега поседува 15% од акциите на клубот.

Ви го пренесуваме цело соопштение:

Оној ќутук од новинар што го правеше интервјуто со "македонскиот Берлускoни", место да се смее како зелка додека гостинот му ја пцуе жената, можеше да постави и некое конструктивно прашање:

- Затоа што не му чинеле старите играчи, а неговите биле најдобри, нека каже каков е импактот на оние дрва што ги донесе како Донгмо, Дианеси, Ќосиќ, Мециновиќ и оној од универзитетска лига што од дома не го знаат дека игра фудбал.

Кој е па тој да прави поделба меѓу играчите и да ги казнува само оние што се поблиски со Комити, кога сите играат мизерно?

- Како стигнавме составот да го крои некој што на насловна страна на неговиот весник СТАВАШЕ СЛИКА КАКО ГО РОГААТ АМБЛЕМОТ НА ВАРДАР?

- Тоа здружение со кое се потсмева, беше формирано како жртва на навивачи на Вардар за да го спасат клубот од пропаст, додека он не знаеше ни каде се наоѓа стадионот во минатите 25+ години, откако претходно распадна два други прволигаши. Тоа здружение направи една приказна на која секој во светот може да позавиди и која тие што партиски те инсталираа во Вардар, многу паметно си ја користеа во својата кампања.

- Место да се срамиме да читаме имиња на кои им се должат плати, нека отидат кај оној што им дал толкави плати, за да си го подмири долгот кој го остави. Попатно да ги врати сите игралишта кои припаѓаа на Вардар.

Фрлена ракавица кон навивачите на Вардар, интервју со намера да се сврти цела јавност против нас. Навивачите биле незрели тинејџери, постарите што уште навивале, морало да бидат манипулатори.

Не сме ти ние тоа рамноземјашите што те следат на интернет!!!

Сите на трибина, да се свести цела јавност додека не е доцна!!! Од вакви партиски полтрони избега цела младина од Македонија и ја оставивме државата да биде втора косовска држава на Балканот.

Виа

Миленко Неделковски: Вардар е леш кој треба да се оживее со долг од над 7 милиони евра

18 октомври 2024 - 08:16