Неверојатниот пресврт на Жалгирис за кој се зборува во Евролига

Уште долго ќе се зборува за неверојатниот подвиг кој го направи литвански Жалгирис на гостување кај Армани Олимпија Милано во Евролига. Литванците пред крајот од третиот период губеа со дури 27 разлика (64:37) а на крајот славеа 85:82. Ова е втор најголем пресврт во историјата на Евролига. Рекордот го држи Асеко Проком кој во 2012/2013 славеше со Монтепаски Сиена 95:88 иако губеше со 28 поени разлика.

Epa images

Главни играчи кај Жалгирис синоќа беа Довидас Гедраитис со 21 поен, Силван Франциско додаде 17. Кај Милано Никола Миротиќ уфрли 17 поени, Шејвон Шилдс 14 а Зак Ледеј 13. Нашиот Ненад Димитријевиќ за 23 минути и 49 секунди на паркетот имаше солидна партија со 11 поени, два скока и четири асистенции.

 

18 октомври 2024 - 09:26