Навивач дошол по автограм со дресот, Нани му го зел и заминал

Некогашната ѕвезда на Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед и Фенербахче кој играше уште и за Валенсија, Лацио, Орландо Сити, Венција, Мелбурн и Адана Демирспор, сега игра во португалскиот клуб Естрела Амадора. После еден тренинг му пришол некој дечко да му се потпише на дрес од Португалија со негово презиме на грбот. Нани рекол дека ова е неговиот украден дрес од дома со кој играл на Европско 2016. Му затворил прозор и си отишол со колата. Детето пријавило во полиција и отворен е случај.

Младото момче му објаснувало на Нани дека си го купил дресот преку Интернет и дека е копија не е оригинал: 

18 октомври 2024 - 12:35