Платата на Кристијано Роналдо во Јуве, кога потпиша во 2018-та беше исклучок и многу далеку од реалната слика за Италија и таа изнесуваше 30 милиони евра по сезона.
Ниту до половина од оваа сума до сега нема стигнато друг фудбалер. И најплатените се далеку под двоцифрената сума на пари изразени во милиони евра.
Ако се изземат најплатените двајца, излегува дека просечна плата на врвот во топ 15 изнесува околу 5 милиони евра.
Тие двајца се Лаутаро Мартинез со одлични 9 милиони евра по сезона и Душан Влаховиќ кој отскокнува со огромна плата во однос на другите од дури 12 милиони.
За споредба, Пандев во Лацио почна со околу 500.000 евра по сезона, во Наполи земаше 2,5, а во Интер 3,5 милиони.
Седум од најплатените 15 во Серија А се од Интер, а петмина од Интер. Ја објави Кориере дело Спорт.
1. Душан Влаховиќ (Јувентус) - 12 милиони евра
2. Лаутаро Мартинез (Интер) - 9
3. Хакан Чалханоглу (Интер) - 6,5
4. Николо Барела (Интер) - 6,5
5. Гиелсон Бремер (Јувентус) - 6,5
6. Ромелу Лукаку (Наполи) - 6
7. Маркус Турам (Интер) - 6 милиони
8. Алесандро Бастони (Интер) 5,5
9. Бенжамин Павар (Интер) - 5
10. Артур Мело (Јувентус) - 5
11. Даглас Луис (Јувентус) - 5
12. Рафаел Леао (Милан) - 5
13. Пјотр Зјелински (Интер) - 4,5
14. Теун Копмајнерс (Јувентус) - 4,5
15. Алваро Мората (Милан) - 4,5