Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Е па Џеси, сам си го бараше

Некогашното дете на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард кој за овој клуб одигра 149 натпревари и постигна 20 гола од февруари годинава е во корејскиот клуб Сеул. Лингард сега објави едно видео како учи корејски од неговите соиграчи. И ги прашува како на корејски да каже „Ти“? Му кажуваат и за ти ама и за вие.

Мбапе почна да дава голови и го смири Реал Мадрид

Реал Мадрид по неубедливото реми со Лас Палмас (1:1), синоќа со 2:0 го совлада Бетис на свој терен и освои 3 бода. Најголемата ѕвезда на преодниот рок Килијан Мбапе конечно ја затресе мрежата во Ла Лига после 4 кола. Французинот даде 2 погодоци, прво во 67-ма минута на страшна асистенција на Валверде, а после од пенал во 75-та минута.

Видеото на УЕФА со Ибрахимовиќ, Чеферин, Буфон, Фиго кое сите го пофалија

Се извлекоа паровите за новата сезона во Лига на шампиони која ќе биде во нов формат. Системот со оглед на тоа што е нов, беше поприлично нејасен и збунувачки за многумина, па УЕФА на сметка на тоа направила врвен краткометражен филм со големите фудбалски ѕвезди.

Ријечани правеле хаос во Љубљана

Словенечка Олимпија Љубљана ја прегази Ријека со 5-1 и со вкупен резултат од 6-1 се пласираше во Лига Конференции. Околу петстотини навивачи на хрватскиот клуб кои дошле во Љубљана се судриле со домашните навивачи, па со полицијата а на крај „Армада“ палела и пиротехника и фрлала на терен за време на мечот. Овие два тима, со оглед на географската близина на градовите, одамна уште од време на поранешна Југославија се големи ривали.

А кога сме веќе кај Барнсли - Манчестер Јунајтед

На ждрепката за Карабао Лига Купот на Англија, Манчестер Јунајтед го доби за противник Барнсли. Тој меч ќе се игра на 17-ти септември. Овие два тима во минатото се сретнале неколку пати, а се памети еден јак упат на двајца бандити на сред терен против тимот кој го водеше големиот Сер Алекс Фергусон.

Колку беше лесно да се игра со овој човек

Кога го гледаш на теренот него и неговите соиграчи, мислиш дека фудбалот е наједноставна, најпроста работа на светот. Карим Бензема (36) веќе подолго време е далеку од најсилниот европски фудбал каде со години ја потврдуваше својата класа.

Супер интересна ждрепка и за новата Лига Европа: Мурињо против Јунајтед, Рома на Тотнем

По синоќешната ждрепка за Лига шампиони на која беше претставен новиот формат, исто во ново издание ќе се играат и Лига Европа и Лига Конференции. Гигантите како Рома, Манчестер Јунајтед, Порто, Тотенхем ги добија своите ривали.

Се отвора ли војна меѓу американската и светската анти-допинг агенција?

Запрепастувачки тивко мина веста дека американската анти-допинг агенција (USADA) ги криела информациите од Светската антидопинг агенција (WADA), вест која се појави на почетокот на август и остана без сериозен одек.

Челси изгуби од Сервет, толку е веста

Само благодарение на триумфот од 2:0 од првиот дуел од баражот за Лига Конференции, Челси влегува во групна фаза. Клубот кој потроши буквално 1,5 милијарди евра на засилувања во претходните неколку години, синоќа изгуби 2-1 од швајцарски Сервет кој во швајцарската лига е седмо место на табела. Што стана од некогашниот Челси кој беше страв и трепет во светски размери?

Лудак на вечерта: шутираше решавачки пенал без гледање

Швајцарски Сент Гален одигра 1:1 во реваншот од Лига Конференции со турски Трабзонспор на гости во Турција. Првиот натпревар заврши 0:0 па според правилникот мечот отиде во продолженија па кога не се реши ни таму, се премина на пенали. Гостите победија на пенали откако решавачкиот пенал лудо храбро го изведе 25-годишниот стопер Стефан Амбросиус за лудо славје на навивачите и соиграчите.

Дебакл на Алкараз на УС Опен, Шпанецот декласиран од анонимен Холанѓанец

Ботик ван де Зандшулп од Холандија со 3:0 го згроми едниот од главните фаворити за титула на Отвореното првенство на САД по сетови 6:1, 7:5, 6:4.

Реакцијата на газдата на ПСЖ за новиот формат во Лига на шампиони

Насер Ал Келаифи, претседателот на ПСЖ беше еден од многумината кој бледо го гледаа извлекувањето на ждрепка за новата сезона во Лига на шампиони, во нов формат. Ко да полага за пилот.

Бидна и таа фамозна, нова, чудна ждрепка за Лига на шампиони

Вечерва во Монако во седиштето на УЕФА се извлече ждрепка за новата сезона од Лига на шампиони, елитниот турнир кој во новото издание ќе се игра во целосно нов формат. Нема веќе групна фаза.

Фото на денот

Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Стив Неш, Дирк Новицки, Дејан Бодирога и многу други светски кошаркарски имиња направија големо шоу на прошталниот меч на легендарниот Горан Драгиќ. Никола Јокиќ во еден момент дури и трчал да го фати син му на Драгиќ кој заигра во финишот. Интересна објава имаше Словенецот на Инстаграм.

Од време на Марадона немало ваков пречек во Неапол

Доаѓа Скот Мектоминеј од Манчестер Јунајтед. Пристоен, сосема коректен играч. Наполи за него плаќа сума меѓу 25 и 30 милиони евра. Денес го пречекале навивачи во градот ко да е светска ѕвезда.

ФИБА, ние сме Македонци, не Северно

Извесен Кире Трајков води институционална борба со европските сојузи како што е кошаркарскиот ФИБА, па во допис со нив ќе им каже дека во нивните натписи на нивниот сајт нашите кошаркари се неправилно именувани како Северно Македонци. Токму младите кошаркарски бисери до 18 години летово направија голем успех откако убедливо победија 8 противници во Б категоријата од Европското првенство У-18.

Словенецот од Ѕвезда го сака Динамо во Лига на шампиони

Дваесет и шест годишниот Словенец Тими Макс Елшник веќе ги освои навивачите на Црвена Звезда. Тој во рок од само неколку недели настапи на Европско првенство за својата Словенија каде блескаше, потоа потпиша со Црвена Звезда со која синоќа влезе во Лига на шампиони. Огромен успех во само краток временски период. На новинарско прашање кого би сакал на ждрепката вечерва, тој вели:

Кристијано Роналдо: „Моите голови за разлика од тие на Пеле, Еузебио...“

Во лаф муабет, некогашните соиграчи од Манчестер Јунајтед кои беа ударни тупаници на четата на Сер Алекс Фергусон, зборуваат на разни теми. Роналдо надмено вели: „Имам скоро 900 гола, цел ми е да постигнам 1.000. Со тоа што од моите голови за разлика од некои други има видеа“. „Копиле си“, му одговара Рио во смеа.

Најјакиот твит со кој Сервет го зафркава Челси

Во баражот за Лига Конференции, Челси вечерва му гостува на швајцарски Сервет. Првиот натпревар во Лондон Челси го доби 2-0. Пред мечот на Твитер, Челси на својот налог објави „Сервет доаѓаме“, а Швајцарците им одговорија шмекерски.

Динамо Загреб и Црвена звезда влегоа во Лига на шампиони и ќе ги наполнат касите

Српскиот и хрватскиот шампион и натаму се ударни локомотиви на регионалниот фудбал. Во Лига на шампиони ќе играат четворица македонски фудбалери од кои двајца се членови на „модрите“.

Голманот на Галатасарај шутна противник и доби црвен картон

Швајцарски Јанг Бојс направи големо изненадување откако го исфрли од Лига на шампиони далеку побогатиот Галатасарај. Јанг Бојс го доби првиот меч во Швајцарија 3:2, а славеше и синоќа на реваншот среде Истанбул 0-1. Голот го даде Алан Вирџиниус во 86' минута а домашниот голман ветеранот Муслера од нервоза и фрустрација го шутна противничкиот фудбалер и доби директен црвен картон.

Олмо со дебитантски гол донесе победа за Барса

Барселона е единствена екипа со 9 освоени бода после 3 кола во шпанска Ла Лига откако синоќа го преброди тешкото гостување кај Рајо Ваљекано. Домаќинот прв поведе уште во 9' минута а Барселона израмни после час игра преку Педри. На стартот на вториот дел во игра влезе и европскиот шампион со Шпанија Дани Олмо кој конечно беше регистриран од клубот да може да игра во Ла Лига и токму тој со гол донесе голем пресврт и триумф 1-2.

Чудото од Танзанија веќе дава голови за Баерн Минхен

За осумнаесет годишниот Нестори Иранкунда од Танзанија пишувавме неколку пати во изминатите години кога како голобрадо момче правеше дар-мар на фудбалските терени во Австралија. Роден во Кигома, во Танзанија, тој дошол со седум браќа и сестри и неговите родители кои се од Бурунди во Западна Австралија. Таму заиграл фудбал за Аделаиде каде се прославил. Скаутите на Баерн го забележале и го купиле за речиси 3 милиони евра.

13-годишно дете ќе игра за првиот тим на Барселона

Има 208 сантиметри на свои 13 години и делува страшно. Мохамед Дабоне досега играл за детските категории на Барселона па стигнал до У-18 тимот а сега стручниот штаб го повикал со првиот тим на предсезонските подготовки. Ако се докаже може ќе остане со прв тим на само 13 години што би било рамно на чудо.