Најмногу коментари при денешната ждрепка во Цирих предизвика групата К. Системот на овие квалификации за овој Мундијал ќе се разликува од претходните со оглед на тоа што и форматот на Светското е сменет па во 2026-та во САД, Мексико и Канада ќе играат дури 46 селекции.
Во групата К ќе се сретнат Србија и Албанија, селекции чии натпревари во еден минат квалификациски циклус за Европско првенство 2016 поминаа напнато, тензично и проблематично.
Во Белград на 14. октомври 2014-та година извесен Исмаил Морина од Албанија од близина на стадионот на Партизан каде се играше мечот, со дрон разви скандалозно знаме кое ја велича голема Албанија, со натпис Автохтонус.
Стоперот на Србија Стефан Митровиќ скокна и го фати знамето, го спушти на терен а во ист момент кон него се пуштија неколку албански фудбалери со цел да го спречат и од тој момент настана незапаметен хаос на теренот.
Стадионот вриеше како во котел, албанските навивачи под редарска и полициска заштита го напуштија теренот. Гостите одбија да се вратат и судијата и делегатот го прекинаа натпреварот.
При реваншот одигран во Елбасан Србија победи 0-2.
УЕФА драконски ја казни фудбалската федерација на Србија со 100.000 евра и два меча пред празни трибини поради лоша организација на мечот. Српскиот сојуз се бунеше на оваа одлука и покрена жалба пред Арбитражниот суд за спорт во Лозана кој беше уште понемилосрден и на Албанија и додели службена победа на маса од 0:3 а Србија остана со -3 бода.
Албанците тогаш отидоа како први во група на Европско 2016 пред Данска.
Поволна ждрепка за Македонија во квалификациите за Светско, ги избегнавме гигантите