Поволна ждрепка за Македонија во квалификациите за Светско, ги избегнавме гигантите

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците за квалификациите за СП 2026 кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Имавме среќа.

Македонија се падна во групата Ј со Белгија од прв и Велс од втор шешир, што е одлично со оглед на пеколно тешките противници на кои можеше да налетавме.

Од третиот шешир противник ни е Казахстан со кој немаме одиграно ниту еден квалификациски дуел, а од петтиот шешир ни падна Лихтенштајн кој го имаме совладано со рекордни 11:1.

Квалификациите стартуваат во март следната година со групите од по пет селекции, а групите со четири тима ќе започнат во септември.

Пласман на Мундијалот ќе обезбедат победниците од групите, додека второпласираните ќе играат бараж со четирите најдобропласирани репрезентации од Лигата на нации кои нема да изборат пласман преку квалификациите.

ГРУПА А: 1. Победник Германија-Италија, 2. Словачка, 3. Северна Ирска 4. Луксембург

ГРУПА Б: 1. Швајцарија, 2. Шведска, 3. Словенија, 4. Косово

ГРУПА Ц: 1. Поразен Португалија-Данска, 2. Грција, 3. Шкотска 4. Белорусија

ГРУПА Д: 1. Победник Франција-Хрватска, 2. Украина, 3. Исланд 4. Азербејџан

ГРУПА Е: 1. Победник Шпанија-Холандија, 2. Турција, 3. Грузија, 4. Бугарија

ГРУПА Ф: 1. Победник Португалија-Данска, 2. Унгарија, 3. Р. Ирска, 4. Ерменија

ГРУПА Г: 1. Поразен Шпанија-Холандија, 2. Полска, 3. Финска, 4. Литванија 5. Малта

ГРУПА Х: 1. Австрија, 2. Романија, 3. БиХ, 4. Кипар 5. Сан Марино

ГРУПА И: 1. Поразен Германија-Италија, 2. Норвешка, 3. Израел, 4. Естонија, 5. Молдавија

ГРУПА Ј: 1. Белгија, 2. Велс, 3. МАКЕДОНИЈА, 4. Казахстан, 5. Лихтенштајн

ГРУПА К: 1. Англија, 2. Србија, 3. Албанија, 4. Летонија 5. Андора

ГРУПА Л: 1. Поразен Франција-Хрватска, 2. Чешка, 3. Црна Гора, 4. Фарски Острови, 5 Гибралтар