Натпреварот Далас Маверикс - Голден Стејт Вориорс ќе се памети уште долго затоа што стана меч со најмногу постигнати тројки во историјата на НБА лигата - дури 48!
Воините уфрлија 27 тројки од 54 обиди а победникот Далас Маверикс шутираше 21/41 за три поени.
Лука Дончиќ го одигра најдобриот меч од стартот на сезоната: 45 поени (10/12 за два, 6/11 за три, 7/9 слободни фрлања), 13 асистенции, 11 скока, 3 украдени топки и 2 блокади.
Дончиќ го запиша својот 9. трипл-дабл со над 40 постигнати поени.
🇸🇮😱 Luka Doncic DOMINATED the Warriors!
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) December 16, 2024
In 38 Minutes:
🎯45 PTS
🗑️11 REB
🏹13 AST
👌6 3PM
🔒3 STL
🛑2 BLK pic.twitter.com/78V9lgxHxK
Покрај него огромен удел во триумфот на Далас Маверикс имаше и доскорешната ведета и повеќекратен шампион со Голден Стејт Вориорс Клеј Томпсон кој уфрли 29 поени со пет скока и четири асистенции. Кајри Ирвинг имаше 21 поен и осум асистенции.
Кај поразениот Голден Стејт Ендру Вигинс запиша 29 поени и беше прв стрелец во екипата, Стеф Кари додаде 26 поени со пет скока и 10 асистенции.
Мавси сега се трети на Зпадот со 17 победи и 10 порази а Голден Стејт Вориорс е седми во истата конференција со учинок 14/11.