Безобразен литвански новинар VS Итудис

Прославениот грчки тренер Димитрис Итудис го води Хапоел Тел Авив од Израел. Во Еврокупот му гостувале на литванскиот клуб Вулвс. После натпреварот некој литвански новинар мртов-ладен го прашал Итудис: „Сакам да ви поставам прашање важно за општеството. Како се чувствувате од фактот што за време на војната работевте во терористичката земја Русија?“ Итудис го опасуљи.

„Дали си сериозен? Спортот обединува. Ти сега мене ми го зборуваш ова? Спортот обединува!“, повторуваше Итудис кој кога сфати дека Литванецот е толку безобразен, стана и ја прекина прес-конференцијата. 

Во меѓувреме бордот на тренери во Евролига се огласи и побара да не се меша политика со спорт што во Литванија често се случува на кошаркарските паркети:

13 декември 2024 - 09:24