Дерби со кошмарски крај за Сити и Гвардиола

Продолжуваат фрустрациите за Пеп Гвардиола и Манчестер Сити. Го загубија градското дерби на пацерски начин, а водеа до 88 минута.

Со голот на Јошко Гвардиол во 36 минута, Манчестер Сити имаше некомотно водство против градскиот ривал кое не успеа да го сочува до крај.

Се соочи со дебакл во финишот и прими два гола во рок од 2 минути, а со тоа ја продолжи кризата од која никако не умее на излезе.

Во 88 минута Бруно Фернандеш го израмни резултатот од пенал, откако Матеус Нуњес направи непромислен старт врз Амад Диало.

На Гвардиола му се помрачи кога го виде фаулот, а потоа Диало во 90 минута ги постави конечните 1:2.

Рубен Аморин стана прв тренер на Манчестер Јунајтед после Фергусон кој победил на првото градско соочување.

За Манчестер Сити ова значи петто место и -9 од Ливерпул кој има натпревар помалку. Низата вели само една победа на последните 11 натпревари.

15 декември 2024 - 20:01