Се сеќавате ли на Бабангида од Ајакс? Има претешка животна сторија

Тижани Бабангида има 51 година. На времето во 90-те и 2000-те години играше за Рода, ВВВ Венло и Ајакс. За тимот од Амстердам даде 20 гола на 77 меча. После беше малку и во Турција и во Саудиска Арабија. Во мај 2024-та во страшна сообраќајка во која бил и тој загинале син му и брат му а сопругата едвај преживеала и останала тешко повредена. Сега неговите поранешни клубови Венло, Рода и Ајакс организираат кампања за собирање пари за да го помогнат Баба.

13 декември 2024 - 10:24