Offside

Експериментот со офсајд правилото на Венгер се смета за неуспешен и се очекува наскоро да биде официјално отфрлен. 

Интер ги одби сите налети на Баерн, Арсенал подобар од Реал за полуфинале

Фудбалерите на Арсенал и во Мадрид го победија Реал (1:2), па со вкупен резултат 5:1 одат во големото полуфинале каде ќе се судрат со ПСЖ. Интер вечерва одигра 2-2 со Баерн и го одбрани триумфот од Минхен пред една недела. Сјајната сезона Симоне Инзаги и фудбалерите ќе ја продолжат во битките со Барселона во полуфинале.

Мангупски, ама и храбар клип на Реал Мадрид во пресрет на реваншот

Ако зборуваме на тема пресврти во ЛШ, ова е дефинитивно тимот кој последен сакаш да ти се падне на реванш после победа. Арсенал има 3:0. Можат ли пак?

Јунаците во Евролига заработуваат минимално во однос на многу други

Македонскиот репрезентативец, Американецот Ти Џеј Шортс е најзаслужен за најголемото и најпријатно изненадување сезонава во европската кошарка - Париз. Клубот од француската престолнина за првпат играше во елитната Евролига и направи чудо. Го урна големиот Реал Мадрид и се пласираше во разигрување за титулата.

Навивач патувал од Колумбија до Мадрид бидејќи верува во пресврт на Реал

Арсенал има капитална предност од 3:0 во четвртфиналната пресметка од ЛШ против Реал Мадрид. Но Реал е Реал и знаеме колку пати се враќал од негатива. Колумбиецот има верба во такво нешто дека може пак да се случи и допатувал специјално во Мадрид за мечот. Летот му бил 10 часа, а кога го прашаа колку го коштало карта за на стадион рече 1.300 евра.

Топ 10 НБА потези на сезоната, безобразно јаки

Компилацијата од најатрактивното за регуларниот дел од сезоната 2024/2025 е скроз на скроз атрактивна. Трае три и пол минути, ама нас ни летна за минута, плус два пати ја изгледавме. Кари го има еднаш, Јокиќ два пати, а Џа Морант влегува под кош како лудак. Финишот од мечот Чикаго - Лејкерски да се запише во учебниците и да се раскажува на внуците. Нереално.

Џејми Карагер го ребрачи Рашфорд за промашената химна

Кога има Лига на шампиони, забавата е во студиото на Си-Би-Ес. Овој пат во форма беше Карагер кој тераше мајтап со поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, за химната на Лига Европа, која инаку ја пуштија на меч од ЛШ. „Маркус Рашфорд изгледа е океј со тоа. Навикнат е“.

Кога Вардар ја совлада Црвена звезда како европски шампион

Вардар и Црвена звезда ќе се сретнат вечерва во Скопје, првпат после 1995-та година во натпревар од хуманитарен карактер. Собраните средства од продадени влезници ќе бидат наменети за семејствата на настраданите од пожарот во Кочани.

Екс играч на Вардар купил 250 карти за дуелот со Црвена Ѕвезда

Се работи за Владица Брдаровски, битолчанецот кој во два наврати играше за Вардар. 35 годишниот бек купил 250 билети за да помогне за семејствата на настраданите во Кочани. Кој сака може да си подигне од кафе барот Паладиум.

Како Наполи се вљуби во Шкотланѓанецот кој ги води во борба за скудето

Дваесет и осум годишниот капитен на репрезентацијата на Шкотска и некогашното дете на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеј (28) ги крши стереотипите дека фудбалер од Островот не може да се снајде во италијански фудбал. Мектоминеј не само што се снајде, туку и е најзаслужен што Наполи уште е во трка за шампионско скудето со Интер и му дише во врат.

Високата линија која Барса храбро ја држи

Барселона игра неверојатна сезона под водство на германскиот стратег Ханси Флик (синоќа од Борусија Дортмунд го претрпеа првиот пораз после неверојатна серија од 25 меча). Напред се страшно ефикасни и секој напад им е милина за гледање. А одбраната функционира беспрекорно. Играат високо поставени, на раб на офсајд стапица и таа ризична игра често им се исплати сезонава. Синоќа со Борусија Дортмунд пак ја држеа високо линијата.

Дембеле го одбиваше МВП признанието

ПСЖ беше нокаутиран од Астон Вила со три гола во периодот од 34-та до 57-ма минута и тоа после водство од 0:2. Да не беше Донарума, од дома ќе гледаа полуфинале. Англичаните имаа 17 удари од кои 9 во рамки на гол. Незадоволството на Осман Дембеле од нивната игра најдобро се забележа кога прво ја одби наградата за играч на мечот, а потоа се сликаше со фаца парастос.

Реакцијата на фудбалерите на ПСЖ и Астон Вила кога ја пуштија химната на Лига Европа

Астон Вила направи гаф на реванш четвртфиналето од најелитното клупско европско натпреварување и наместо химната на ЛШ, ја пушти онаа на ЛЕ. Не само сеир на Твитер. И играчите се чудеа и смееа.

Илија Најдоски пред дуелот Вардар - Црвена звезда: „Најважно е да им се помогне на семејствата на настраданите“

Белградските медиуми со посебно внимание го пречекуваат пријателскиот натпревар меѓу овогодинешниот учесник во Лига на шампиони и најтрофејниот македонски клуб. Вардар и Црвена звезда долги години во времето на поранешната заедничка држава беа синоним за здраво ривалство.

Феноменалните паради на Донарума кој го спаси ПСЖ од елиминација

Астон Вила вечерва против ПСЖ дефинитивно го одигра најдобриот меч сезонава во ЛШ. Кај победија 3:2 со пресврт, па уште и имаа неколку чисти шанси за повисока победа и сензационален пласман во полуфинале. Пречката им се викаше Џанлуиџи Донарума.

Астон Вила ја промаши химната

Изгледа не се навикнати на Лига на шампиони. По грешка ја пуштија химната на Лига Европа.

ПСЖ едвај ja преживеа Астон Вила, Борусија куса за два гола

Фудбалерите на Астон Вила одиграа блескав натпревар против фаворитот ПСЖ во реванш четвртфиналето од ЛШ. Славеа 3:2 и тоа по негатива од 0:2, а пропуштија и многу шанси за сензација. Прво полуфинале за Барселона по пауза од шест години. Вкрстуваат со подобриот од дуелот Интер - Баерн. Противник на ПСЖ ќе му биде Арсенал и Реал.

Нередите во Рим кои ги направија тифозите на Лацио

Пар илјади навивачи на Лацио, пред големото римско дерби со Рома во неделата, кај познатото место и мостот Ponte Milvio се судриле со карабинерите. На сите страни летале флаши, каменици и бакљи а италијанската полиција уапсила неколку лица. Дербито Лацио - Рома заврши нерешено 1:1.

Трејлер за документарецот „Брат“ за Дејан Милојевиќ - Деки

Легендарниот српски кошаркар а подоцна и тренер, долго време му беше асистент на големиот Стив Кер на клупата на Голден Стејт Вориорс со кои освои и шампионска титула како помошен тренер. Милојевиќ изненадно почина на 17-ти јануари 2024-та година. Во негова чест е снимен документарен филм под наслов „Брат“. Зборуваат Кер, Јокиќ, Стеф Кари, Жељко Обрадовиќ, Светислав Пешиќ и други.

97 не е само број за Ливерпул

Во фудбалскиот клуб и градот Ливерпул 15-ти април е ден на сеќавање на страшната трагедија која пред 36 години се случи на стадионот „Хилзборо“ во Шефилд каде трагично настрадаа дури 97 навивачи на црвените. Во стампедо, нереди и потискување загинаа нечии татковци, мајки, браќа, сестри, другари, комшии. Никогаш заборавени, велат од Ливерпул чија делегација денес го посетила спомен обележјето во градот.

Газдата на Денвер Нагетс за еден лист после кој одлучиле да го потпишат Јокиќ

Џош Кренке е син на магнатот Стен Кренке кој е сопственик на неколку спортски гиганти како што се Денвер Нагетс, Колорадо Аваланш, Колорадо Рапидс и Арсенал. Синот Џош (44) учествува директно во работата на Денвер Нагетс и носи одлуки за тимот.

ФК Вардар исчисти долг од 31 милиони денари и по 8 години ја одблокира сметката

Заврши сагата со најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија околу долгогодишната ситуација поврзана со сметката.

Горан Пандев со пехарот за Светското клупско првенство

Кога Интер игра во Лига на шампиони, таму е и Пандев. Утревечер на Џузепе Меаца, тој ќе ги бодри своите против Баерн Минхен, клубот кој пред 14 години го елиминираше со гол во 88 минута. Пандев се фотографираше со пехарот од Светското клупско првенство, кое е закажано за јуни во САД.

Топ 5 најгледани видеа во НБА сезонава

Конечно заврши пренатрупаниот основен дел од НБА лигата. Сите екипи одиграа по 82 натпревари. Сега малку ќе здивнат, ќе одморат, па ќе следува НБА разигрувањето за титулата, за оние кои обезбедија место. Основниот дел од сезоната беше интересен со голем број луди епизоди. НБА објави кои биле најгледани видеа на нивните профили.

Чекај, местена е или?

Канадскиот прволигашки фудбал ги надмина сите нелогични потези во фудбалот. Ова е нешто кое заслужува посебна анализа. Еден од коментарите на Твитер гласи вака: Уапсете го.