Газдата на Денвер Нагетс за еден лист после кој одлучиле да го потпишат Јокиќ

Џош Кренке е син на магнатот Стен Кренке кој е сопственик на неколку спортски гиганти како што се Денвер Нагетс, Колорадо Аваланш, Колорадо Рапидс и Арсенал. Синот Џош (44) учествува директно во работата на Денвер Нагетс и носи одлуки за тимот.

Epa Images
Epa Images
Photo: Epa Images

Џош Кренке пред неколку дена реши да ги отпушти главниот тренер на екипата Мајкл Мелоун и генералниот менаџер Калвин Бут поради серија слаби резултати и лоша комуникација меѓу нив.

Кренке-помладиот е алфа и омега во Денвер Нагетс а за време на гостување во подкастот кај кошаркарот на Нагетс, Мајкл Портер-Џуниор, раскажал неколку интересни анегдоти меѓу кои и една за Никола Јокиќ.

Србинот беше избран на НБА драфтот во 2011-та година како 41. пик. Џош открива каков бил почетокот со Јокиќ и што се случувало:

„Приказната е многу смешна, а ако некој ти каже дека уште тогаш знаел, лаже. Се сеќавам дека седев заедно со Артурас Карнишовас и Тим Конели и ми рекоа дека има едно момче кое треба да го видам и дека сакал да остане во Европа уште една година. Ги прашав зошто, ми објаснија дека така било најдобро за неговиот развој.

Ми покажаа снимка (од Јокиќ), носеше дрес во некоја розева боја, воопшто не можеше да скокне, но толку лесно ја фаќаше топката... Беше видливо дека кошаркарскиот интелект му е поголем од другите.

Дојде кај нас во летото 2015-та година и татко ми има некои сјајни приказни од тој период, како онаа кога Никола бил во теретана со неговите браќа. Смени исхрана, држеше диета, тогаш ги имавме него и Јусуф Нуркиќ и не можевме да решиме што да правиме со нив.

И двајцата беа талентирани центри со сјајни вештини“.

„КАКО ИЗБРАВМЕ КОГО ДА ЗАДРЖИМЕ?“

Тогаш во НБА лигата апсолутно доминираше Голден Стејт Вориорс кој играше брза кошарка со доста шутеви за три поени. „Воините“ играа со ниска постава, нешто како револуцијата која што во фудбал ја направи Барселона со „лажна деветка“.

„НБА лигата одеше во тој правец, со пониски петорки, со шутери од сите страни, беше уште поекстремно отколку сега. Сите преку ноќ сакаа да станат Вориорс. Не можевме да играме со Јокиќ и Нуркиќ на паркетот во исто време. Имаше тоа секако и некои предности, но ним им беше тешко да ги чуваат противничките играчи, посебно ако ривалот игра со четири бека. Мораше да донесе одлука. После првата сезона на Никола започна и втората и тогаш веќе моравме да избереме зошто и двајцата се стартни центри“, раскажува Џош Кренке.

Тогаш нему покажале еден лист.

„Договорот на Нуркиќ беше пред истек. Аналитичарите правеа анализи со одредени бројки. Тогаш стигна и таа споредба врз основа на поедини податоци.

На листот имаше „играч А“ и „играч Б“ и споредби меѓу нив во првата и втората сезона. Единствена разлика беше во тоа што првиот играч беше две години постар од вториот. Можевте да видите јасно дека бројките кај вториот играч се многу подобри од првиот и тоа во сите категории. Тогаш им реков: 'Добро, ќе пробам да погодам и ќе кажам дека вториот играч е Јокиќ. Ги прашав дали првиот играч е Нуркиќ или некој друг од НБА лигата.

Одговорот беше дека тоа е Лери Брд. Аха...“

Џош Кренке продолжува дека тогаш веќе во ист момент било јасно каква ќе биде одлуката за тоа кој останува од Јокиќ и Нуркиќ.

„Тогаш се погледнавме... Кога зборуваш со луѓе кои ја сакаат кошарката, начинот на кој игра Никола, тоа не се гледа со голо око. Кога гледаш подолг период и гледаш како влијае на тимот, тогаш се се гледа. Тоа беше во првата недела од декември, му реков на Конели дека веќе никогаш нема да се мешам во тренерската работа и нема да бирам кој да игра кој не, но ако веќе мораме да бираме меѓу нив двајца, да го стави Никола во тимот.

Неколку вечери подоцна Јокиќ заигра во стартна петорка и веќе никогаш не излезе од неа“, заклучува Кренке.

15 април 2025 - 13:23