Offside

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Баерн убаво се опушта пред големите мегдани

Хари Кејн и Томас Милер играа една интересна друштвена игра, како загревање за она што ги чека во среда вечер во првиот меч од Лига на шампиони против Баер Леверкузен во осминафинале на „Алијанц Арена“.

Дончиќ со кош од пола терен ги натера тренерите на склекови

Суперѕвездата блеска во полн сјај во Лос Анџелес Лејкерс кој во моментов е на високот 2. место на Западот. Лука Дончиќ синоќа беше главна фигура во триумфот на „езерџиите“ против градскиот ривал ЛА Клиперс, а на загревање пред натпреварот како што имаше обичај и во Далас, се кладел со помошните тренери, за шут од пола терен. Ако промаши тој прави склекови, ако не тие. Си дале рака.

Нервозата и неспортскиот потег на Жоао Феликс после пеналот на Педро

Продолжува кризата на Милан и со Серџо Консеисао. Имаат три порази во низа и на последниве 6 меча ја победија само Верона, плус елиминирани се во ЛШ од Феенорд. Синоќа загубија дома од Лацио 1:2, со гол од пенал во 98-ма минута и беа во подредена улога. Погледнете го бесот на Жоао Феликс после реализираниот пенал на Педро. Не му дозволи да се радува на играч од гостинската клупа.

Убавината на „Бомбонера“ во Буенос Аирес

Во Аргентина започна новата сезона. Веќе се одиграа 8 кола, а Бока Јуниорс има 5 победи, 2 нерешени, 1 пораз. И стандардно френетична поддршка на својата „Бомбонера“.

Бекам за тренинзите на Меси во 6 сабајле

Во едно гостување во подкастот кај Рио Фердинанд, легендарниот Дејвид Бекам раскажува од прво лице за тоа што го видел со Лионел Меси во Интер Мајами. „Сите мислиме дека тоа е само природна дарба и тоа е тоа. Ама не, Меси станува и доаѓа во 6.50 во вежбална а таму нема никој, само еден човек“.

Старт без памет на дербито Динамо - Хајдук

Најголемото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит и италијанско на клупата (Канаваро vs Гатузо) заврши 2:2. Стефан Ристовски беше асистент за првиот гол, но во 62 минута доби втор жолт картон. Црвен доби и неговиот соиграч Нико Галешиќ во длабокото судиско продолжение. Прекршокот врз голманот Лучиќ му беше за никаде.

Фудбалер од Гамбија се кандидира за гол на сезоната во Македонија

Не е дека секое коло имаме привилегија да гледаме вакви голчишта во мак фудбалот. Маронг Оусман од Силекс на мечот Струга Трим Љум (2:0), не на еден, туку на двајца им ја протна низ нозе, а потоа велемајсторски го реши и голманот. Камп Ноу е ова или Кратово? 

Незгоден доскок на Јокиќ на потфрлање, ама издржа до крај

Во дербито на вечерта во НБА, актуелниот шампион Бостон Селтикс го совлада Денвер Нагетс 110:104. Браун, Ал Хорфорд и Тејтум покажаа зошто се шампиони а Јокиќ повторно не можеше без поголема поддршка од соиграчите.

Неправда за фудбалот е што ова не влезе во гол

Не знаеме уште кој го има голот на колото, ама знаеме кој сигурно ќе го заслужеше тој епитет ако Флоријан Лежeн од Рајо Ваљекано имаше барем малку среќа на дуелот против Севиља кој заврши 1:1. Каков гол на колото, ова ќе беше гол број 1 на сезоната во Шпанија. Ќе ја искршеше пречката.

Лука Дончиќ фати јак залет, го разби ЛА Клиперс

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс ја забележа шестата победа по ред во НБА откако синоќа со 108:102 втор пат во три дена го совлада градскиот ривал ЛА Клиперс.

Ново шоу на Нејмар, мајсторија од слободен удар

Бразилецот дома си е свој дефинитивно. Откако се врати во својот роден клуб Сантос, на 7 меча има, пазете: 3 гола и 3 асистенции. Синоќа на мечот Сантос - Ред Бул Брагантино, Нејмар уште во 9' минута постигна преубав гол од слободен удар.

Необична одбрана на Мартин Томовски

Потсдам, каде брани Мартин Томовски, загуби убедливо од Магдебург со 25:15, а потегот на мечот го има македонскиот голман кој блесна со 18 интервенции. Па дури и успеа да фати зицер со грб.

Тренерот на Лион кој го водеше Милан би можел да добие казна 7-месеци

Новиот тренер на Лион, Португалецот Пауло Фонсека кој до пред неколку недели го водеше Милан, се соочува со драстична казна во францускиот фудбал откако направи незапаметен скандал и му се сипа во лице на главниот судија на мечот Лион - Брест Беноа Мило. Во Лига 1 Лион славеше 2-1, но како што пренесува француски РМС Спорт, Фонсека може да добие опасна казна поради тоа што се изгуби на теренот и агресивно го нападна судијата.

Нов гол на гранде Елиф Елмас

Трет настап, втор гол на Елиф Елмас во дресот на Торино, кој брзо покажа колку му недостигала Серија А. Претходниот меч против Болоња, овој пат за гостинска победа над Монца од 0:2. Плус одигра 90 минути за прв пат после 22 месеци.

Господинот Пеп Гвардиола

Манчестер Сити одново си играше со нервите на своите навивачи откако во 5. рунда на ФА Купот Сити губеше 0-1 од последнопасираниот тим во втората лига, Плимут Аргајл. За среќа по Гвардиола и екипата, младиот Нико О'Рајли постигна два гола а Кевин Де Брујне и Сити победи 3-1 за пласман понатаму. На крајот од мечот Гвардиола ги поздравил гостинските навивачи кои поминале околу 450 километри да го бодрат својот тим.

Сам против цела трибина

Навивачите на Милвол во полициските досиеја долги години важеле за најлошите од сите во цела Британија, а добро пресметајте што значи да си најлош од сите нив. Со поострените закони во последните неколку децении работите се сменети и ситуацијата е помирна. Ама Милвол уште има јаки глави како овој кој за време на мечот од ФА Купот против Кристал Палас тргна со голи раце сам на цела трибина.

Од малер во махер на колото

Јак момент имало на натпреварот меѓу вториот тим на Хановер и Минхен 1860 во германска трета лига. При водство на домаќините 1-0, гостинскиот фудбалер Тунај Дениз со несмасна реакција спречи чист гол за израмнување. Ама истиот играч после израмнил во 66-та минута и го најавил пресвртот од 1-3 на крајот за Минхен 1860.

Никој не сака толку клизачи како Диего Чоло Симеоне

Атлетико Мадрид извојува многу тешка победа во дербито со Атлетик Билбао 1:0 со нов гол на нивниот најдобар стрелец сезонава Хулиан Алварез и после поразот на Реал од Бетис (2:1) конечно изби на прво место на табелата. Овој натпревар го одбележи голема борба на теренот, многу шанси на гостите од Билбао и стартови какви што обожува Диего Симеоне.

Прво забивање на Стеф Кари после цели 6 години

Четирикратниот НБА шампион и двократен МВП на лигата и еднаш на НБА финалето, Стеф Кари важи за најдобриот шутер кој некогаш играл во најдобрата светска лига. Тој синоќа во поразот на неговиот тим од Филаделфија Севентисиксерс 126:119 постигна 29 поени и 13 асистенции.

Голмански УФЦ старт, центарфорот изваден од игра

Кристал Палас со 3-1 го совлада Милвол во ФА Купот и се пласираше во следната рунда. Овој натпревар го одбележа страшен старт на голманот на Милвол Лиам Робертс кој со копачка во глава го нокаутираше центарфорот на Палас Жан-Филип Матета. Овој прекршок се случи во 6-та минута а Матета веднаш бил пренесен во болница и хоспитализиран а од клубот соопштија дека на увото го шиеле со 25 конци. Робертс доби директен црвен картон.

Двобој меѓу Роберто Карлос и Чилаверт со најсељачки крај

Уфф какво ретро од 90-ти со две легенди на Бразил и Парагвај. Роберто Карлос и Хозе Луис Чилаверт. Океј, фудбал е, провокации има речиси на секој меч. Ама крајов бе дечки?

Грдите стартови на Матераци во време кога немаше ВАР

Валкан играч беше Марко Матераци ај ти. Плус нема потреба ние да зборуваме, клипов ќе ви покаже. Без осет беше на моменти. Сè е ова за црвен и суспензија од минимум два меча. Многу груб.

Навивач на Барса му дофрла на Лапорта да го купи Халанд

А овој му враќа со следнава реплика „Ако го платиш ти“, гестикулирајќи дека треба многу паричиња за таква ѕвезда.

Против Баерн најде Ноер да глумиш?

Баерн Минхен уште петочки си ги заврши обврските ова коло во Бундеслигата, со победа против Штутгарт на гости од 1:3. Убав гол на Штилер во 34 минута на кој му одговорија Олисе, Горецка и Коман. Многу лоша проценка на голманот на домаќините Александер Нибел. Очај.