Џејми Варди дебитираше за Кремонезе, трети се во Серија А

Предводен од симпатичниот Давиде Никола кој важи за најголем спасител на малите екипи од испаѓање во втора лига, Кремонезе на маестрален начин ја почна сезоната во Серија А. Го совладаа Милан на гости 1-2 на отворање со фантастичен еврогол на Бонацоли. Имаат 2 победи и 1 нерешена и со 7 бода се трети на табела зад лидерите Наполи и Јувентус.

Синоќа на мечот Верона - Кремонезе влезе во игра и 38-годишниот ветеран Џејми Варди кој летово како слободен агент потпиша со Кремонезе. Навивачите едвај чекаа да го видат:

 

16 септември 2025 - 09:27