Ново голчиште на Аргентинецот Нико Паз

Комо лани купи златно дете од Реал Мадрид, а тоа е 21 годишниот Нико Паз, кој најавува блескава кариера. Играчот од среден ред, кој е роден во Шпанија, а настапува за Аргентина постигна втор гол сезонава во Серија А, кој повторно привлекува внимание. Минатиот пат имаше голчиште против Лацио, а овој пат против Џенова.

16 септември 2025 - 08:33