Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Каљари – Јувентус во 19:00 и Наполи – Парма во 21:00

Од четврточната спортска понуда имате за гледање два меча од Серија А, шпански куп и натпревари од кошаркарската Евролига.

Осврт на десеттото коло на Бизнис Лигата

Завршува есенскиот дел од Бизнис Лигата на Македонија. Во последното коло најдобри стрелци беа Нико Този и Наумче Стојчевски.

Ќе скршеше и кичма и обрач

Одличен инстинкт и идеја, но во обидот на кошаркарот на Вашингтон, Андре Милер недостасуваше повеќе одраз за да ја закуца.

Вечниот голман на стари години се проба и како напаѓач

Крајот требаше да биде по мечот Џенова-Лацио на 11 мај 2008 година кога се повлече со 44 години и 38 дена и стана најстариот играч кој настапил во Серија А и ЛШ. Но не сака да чуе за пензија и на 50 години брани за нисколигашот Кастелветро.

Баварската машинерија нема достоен противник во Германија

Со вчерашната победа од 2:0 против Фрајбург, Баерн Минхен на коло пред крајот од полусезоната има 42 бода, 12 повеќе од Волсфбург. Тимот на Пеп Гвардиола на 16 натпревари есенва прими само 3 гола и со тоа стана рекордер во Бундес лигата.

Зимска трка за првото место во Премиер лигата

Сезонава трката за првото место стана поинтересна отколку што се очекуваше. Челси ќе се обиде да ги одбие нападите на двата клуба од Манчестер, кои фатија приклучок со врвот.

Голот на Алмерија од 50 метри

Со вкупен резултат 6:4, Алмерија го елиминираше Бетис од Кралскиот Куп. Имаше 10 голови за 180 минути, од кој еден лоб од 50 метри.

Сте играле ли пинг-понг со глава?

Правилата се едноставни: Се игра како пинг-понг, но со фудбалска топка, и можеш да ја удриш топката во лет, без да мора да удри на масата. Службено името на спортот е Хедис.

Кавга за дресот на Анри

Најдобриот стрелец во историјата на Арсенал и француската репрезентација, вчера изјави дека фудбалската кариера одлучил да ја замени со коментаторска. За тоа колку беше добар на теренот, потврдуваат Матераци и Занети.

Фени Индустри – МЗТ Скопје во 19:00

Спортската среда е богата со фудбалски натпревари од првенство и куп, како и кошаркарски дуел од македонското првенство.

Шарени копачки се носат повеќе од традиционалните црни

Премиерлигашот Хал е најверен на старата школа, затоа што повеќе од половина играчи во екипата не сакаат да слушнат за шарените копачки, кои се омилени во Манчестер Јунајтед.

Стефан Ристовски доби нов газда во Парма

По повлекувањето на Томазо Гирарди, последнопласираниот тим во Серија А вчера и официјално доби нови сопственици, предводени од Албанец со италијански пасош, Пијетро Дока. Зад новото раководство стои руско-кипарска нафтена компанија која ќе треба да ги врати долговите на Парма.

Хет-трик на Пандев за 45 минути во турскиот куп

Горан Пандев чекаше и дочека прилика во Галатасарај. Во второто коло од турскиот куп, во дуел против третолгашот Балчова вечерва, Пандев најпрвин израмни на 1:1, а потоа со уште два гола го заклучи високото водство на Галата 1:5 по првото полувреме. Нaтпревaрoт нa крaј зaврши 1:9.

115 годишната историја на Милан

Го формирал англиски емигрант на денешен ден во 1899 година, а речиси две децении со него раководи моќниот претседател Силвио Берлускони кој е 21-от на таа функција. Милан во своите витрини чува многу пехари, а најдрагоцени се 18-те Скудета и 7-те европски титули од Лигата на шампионите.

Божиќен подарок за невработените навивачи на Селтик

Шкотскиот клуб соопшти дека ќе ги отвори вратите за сите невработените навивачи за следниот натпревар против Рос Каунти кој се игра во сабота, на 27. декември.

Како да фатиш во кладилница

Овој месец Кико, Вучко и Дарко се најголеми малери на сезоната кои можеа да ќарат вкупно 23.000 евра. Со овој пост ние не сакаме да ги обесхрабриме или да кобиме дека така ќе им оди и понатаму.

Фелш за двајца голмани

Голманот на Го Ахед Иглс, Мики Ван дер Харт немаше апсоултно никаква шанса да го одбрани шутот на Алберт Руснак од Камбур.

10 правила за правење интервју со Луи Ван Гал

Жозе Мурињо не е единствен тренер кој се чатали пред камерите. Доста специфичен со новинарите е и стратегот на Манчестер Јунајтед, кој може да го изнервирате само со прашање за евентуален трансфер на некој играч од неговиот тим.

Рафа Надал го носи чудото од дете во Реал Мадрид

Најновиот фудбалски бисер доаѓа од Мајорка, а на Сантијаго Бернабеу го сметаат за фудбалер на долги патишта. Поради забраната за трансфери, Барселона не можеше да го ангажира Марко Асенсо летово, а Реал ги претрка Челси, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Кога ќе ти преседне повикот за репрезентација

Пионе Систо има 19 години и игра за данскиот клуб Митјиланд. Потекнува од Судан, но од мал живее во Данска со неговите родители. По одличните игри за клубот, селекторот на Данска У21 реши да го повика во репрезентацијата. На прес конференцијата дојдоа татко и мајка му, кои го резилеа по традиционална основа.

Гиле џабе се радуваш Гиле

Само фудбалерот на Бастија мислеше дека топката влезе во гол.

Тотенхем се буди на крај

Кристијан Ериксен викендов постигна гол на минута до крајот за победа на Тотенхем од 2:1 на гостувањето против Свонси. Статистиката покажува дека во 89 минута или покасно, победиле на три од последните четири гостински меча во Премиер лигата.

Пензионираниот Анри ќе заработува милиони како коментатор

Поранешниот напаѓач на Арсенал се повлече од професионалното играње фудбал и потпиша договор со каналот Скај, за кој ќе коментира фудбалски натпревари, заедно со Гери Невил и Џејми Карагер.

Крус Асул – Реал Мадрид во 20:15

Денешната спортска понуда се состои од неколку куп натпревари, полуфинале на Светското клупско првенство и меч од регионалната ракометна лига.