Offside

Ракометот во Македонија е фамилијарна традиција. Цели семејства одат на натпревари, а страста и талентот за играње често пати се наследува од колено на колено. На пример кај Манаскови прв почна Пепи, а потоа продолжија неговите синови Дејан и Мартин.

Клаудио Каниџа од градот под Маркови кули

Клаудио Каниџа не направи некоја голема клупска кариера и не заигра во врвните европски клубови. Остана запеметен по настапите за Аргентина на Мундијалите 1990 и 1994 на кои постигна по два гола. Инаку беа блиски пријатели со Марадона. Неговиот препознатлив имиџ и ден денеска е инспирација дури и во Прилеп.

Манчестер Јунајтед ја отпуштил жената која 30 години е „мајка на сите во клубот“

На „Олд Трафорд“ продолжува хаосот во кој ниту со новата управа не се знае кој јаде а кој пие. Барем така пренесуваат британските медиуми кои пред неколку дена открија дека од клубот е отпуштена и вработена жена која од 1995-та година е најомилена меѓу сите во Јунајтед, Џеки Кеј.

Кевин Дурент откри каде би сакал да заигра во Европа

НБА суперѕвездата Кевин Дурент (36) на прашање на шпански новинар од Мундо Депортиво дали и каде некогаш би заиграл надвор од НБА, вели: „Сомневам во тоа во моментов. Играм во НБА, но сакам да гледам и Евролига. Барселона би била убаво место, како и Монако. Но за сега го сакам Феникс и останувам овде“, рекол ветеранот кој во 2022 го гледаше двомечот Олимпијакос - Монако зошто во францускиот клуб игра неговиот добар другар Мајк Џејмс. Дурант само сезонава од Феникс според договорот требад а земе 51,1 милион долари а за следната година 52,7 милиони долари што е мисловна именка за сите евролигашки клубови заедно.

Земјотрес во прес центар пред меч во ЛШ

Натпреварот меѓу Бенфика и Монако кој се игра вечерва од 21 часот имаше непријатна увертира за новинарите во прес центарот во Лисабон. Пред да се појави тренерот на португалскиот тим имаше земјотрес со јачина од 4,7 степени, а потоа Бруно Лаже влезе и почна да зборува.

Мајсторија во Серија А во стилот на Дел Пјеро во прајм тајм

Ќе речеш понеделник, ни шах нема од спорт на тв, а фудбалите си течат и во најнепопуларниот ден за спорт. Џенова ја совлада Венеција со 2:0, а Андреа Пинамонти се кандидираше за гол на колото. Многу фудбалски одиграно.

Две многу чудни одлуки на мечот Барса - Рајо

Барселона го совлада Рајо Ваљекано со 1:0 и сега е каша попара на табела. Ама и судиите прават попара, па после врие по социјалните мрежи. 

Ефектен клизач, го покоси и ривалот и линискиот судија

Во дербито на англиската втора лига меѓу Лидс Јунајтед и Сандерленд, домаќините победија 2-1 со гол во 90+5' минута откако претходно гостите поведоа уште во прв дел во 32-ра минута. Во еден момент од мечот гостинскиот фудбалер Лук О'Ниен го покоси и линискиот судија.

Педри на мал простор знае душа да ти земе

Барселона - Рајо Ваљекано, понеделнички заврши 1:0, а на социјалните мрежи се врти клип од мечот насловен како Педрињо. Мозок му испи еден на еден.

Асистенцијата на Коло Муани во забавена снимка

Јувентус го победи Интер 1:0 во дербито на Италија и го спречи ривалот да се искачи на врвот на табелата. Еден од најзаслужните за триумфот на бјанконерите беше новодојдениот Рандал Коло Муани кој имаше врвна асистенција до Консеисао за голот:

Марез и Фирмино даваа голови, Алиоски ги забавуваше навивачите

Триесет и три годишниот лев бек на македонската репрезентација после година и пол дена конечно заигра за својот тим Ал Ахли. Езѓан беше во втор и трет план кај тренерите поради големиот број странци и ограничувањето на истите во саудискиот фудбал. Конечно после цели 538 дена, после 18 месеци (последен пат играше на крај на август 2023-та), синоќа влезе од клупата за резерви на мечот против Ал Гарафа во азиската Лига на шампиони.

Нова интересна случка во романскиот фудбал, овојпат по снег

Снег изминативе денови имало и во Букурешт, па мечот Рапид Букурешт - Ботошани се играл по забелен терен. Домаќините победиле 1-0 со гол на Чоботариу во 37' минута а судијата им дозволил на гостите да играат во комплетно бела опрема иако со снегот тоа било комедија.

Савичевиќ: Осим ми велеше не можеш да трчаш, а јас дојден од плажа трчав повеќе од Сушиќ

Дејан Савичевиќ никогаш не ја оправи калимерата со Ивица Осим во таборот на Југославија. Во многу интервјуа има кажано дека не добивал доволно минутажа, посебно на СП 1990 каде Сушиќ бил првотимец на 35 години, а тој 10 години помлад седел на клупа. Потоа си подале рака на една средба, но Дејо се кае за тоа, бидејќи Осим подоцна изјавил дека трпел притисоци од Аркан за да го става повеќе на игра. На следното видување Савичевиќ му рекол: Да не те гледам.

Ол Стар со Златко Калински, 1993

Врска нема Ол старот последниве години. Хајлајтс немавме желба да гледаме, а не па да стануваме во ниедно време. На Јокиќ не му се ни игра. Да се потсетиме што беше тоа прав Ол Стар. Требал и Дражен да се натпреварува во тројки.

Македонија најверојатно со врвен евролигашки тандем ќе напаѓа пласман на Европско

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ќе го има првиот собир пред најважните два дуели за оваа генерација. Македонија ја очекуваат два натпревари на кои би можела да обезбеди пласман на Евро2025.

Случаен гледач го победи Лилард на Ол-Стар и доби 100.000 долари

За време на шоуто на сите ѕвезди од НБА во Сан Франциско, имаше и една интересна епизода. Случајно избран навивач од салата, го предизвикува врвниот шутер и суперѕвезда на Милвоки Бакс, Дамијан Лилард во шут за три поени. На крајот малиот 18-годишен студент Џарен Барахас го победил Лилард и освоил награда од 100.000 долари. „Ова значи целиот свет за мене, ќе ми помогне на мене и на семејството многу во идинина. Се надевам ќе ми помогне да си го доплатам школувањето и така ќе биде“.

Вембањама дошол со книга на Ол-Стар, Јокиќ не можел да се изначуди

Помина уште еден, можеме слободно да кажеме глуп и бесмислен Ол-Стар. Овојпат во нов формат, комесарот на НБА Адам Силвер и неговите соработници пробаа нов експеримент со цел да го вратат некогашниот огромен глобален интерес за Ол-стар, но залудно. Пред мечот Никола Јокиќ кој беше во тимот биран од Чарлс Баркли, заедно со Французинот Вембањама, во соблекувална се чудел кога видел дека играчот на Сан Антонио Спарс си донел книга да чита на големиот настан во Сан Франциско.

Нејмар со прв гол и асистенција по враќањето дома во Сантос

Сантос со 3-1 ја победил Агуа Санта во бразилското првенство Паулиста А1. Нејмар го отворил резултатот со гол во 14-та минута од пенал, а после имал и асистенција.

Од Меси ли учеше вака да изведуваш слободен удар?

Рома ја доби Парма на гости 0:1 со посебна велемајсторија на Матијас Суле. Се работи за Аргентинецот Суле кој Рома лани го купи од Јуве за 28 милиони евра. Генерација 2003-та е. Го споредуваат со Ди Марија, а омилен играч му е Меси. 

Комити блеснаа со пиро шоу и кореографија на дербито

Вардар не успеа со триумф да го стартува пролетниот дел од сезоната во првата лига и загуби на домашен терен од Шкендија со 1:2. Но, сепак Комити имаа повод за славење, а тоа се 15 години постоење на подгрупата од Кисела Вода.

Висока технологија на чистење снег во романската прва лига

Ако собереме што сè сме објавиле од романскиот фудбал низ годиниве, ќе излезе некој сериски филм со 200 епизоди. Жанр строго комедија.

Пусти Онана, со рака не може да погоди играч

Кај не ја изведе како што треба, па уште и жолт картон доби неговиот соиграч, а сето тоа се случува во 90-та минута при резултат 1:0 за Тотенхем.

Асистенцииште на Муани кој го ископира Зидан

Јувентус е во фина серија од четири победи по ред. Го доби и дербито на Италија против Интер со 1:0. Стрелец Консеисаио во 74-та минута. Обрнете внимание што му претходеше на голот. Коло Муани, дами и господа. Фантазија од потег.

Фантастичен гол на Антони, трет пат по ред е избран за играч на натпревар

Навивачите на Манчестер Јунајтед како да претчуствуваа што може да се случи со Бразилецот. Тој беше еден од најслабите играчи во нивната екипа во претходните пар сезони а дојде за астрономска сума од преку 100 милиони евра од Ајакс. Сега во Бетис на позајмица растура во само неколку недели.