Страшните бројки на Мбапе кој игра врвно сезонава

Нема лек за Килијан. Синоќа до толку исфрустрира играч на Атлетик Билбао, кој од што не можеше да се помири што му ја протна така лежерно низ нозе, го бутна како на голем одмор во школо.

Foto: instagram/mbappe

Килијан Мбапе сезонава стигна до бројка од 25 погодоци на само 20 натпревари, а сезоната не е ниту до половина. Со ова темпо, сигурно ќе ја надмине деби сезоната во Реал Мадрид со 44 гола на 59 средби.

Французинот игра во врвна форма, без разлика што е гужва во нападот на кралевите, каде и не ја игра својата најдобра позиција која ја држеше во ПСЖ.

Тој е лидер во водечките 5 европски лиги, како и во Лигата на шампионите, по сите три клучи параметри во напад: голови, создадени шанси и придонеси во голови (гол или асистенција).

- Најмногу голови во првите 5 европски лиги (16 на 15 натпревари)
- Најмногу придонеси во голови во првите 5 европски лиги (20)
- Најмногу создадени шанси во првите 5 европски лиги (43)

- Најмногу голови во ЛШ (9 на 5 натпревари)
- Најмногу придонеси во голови во ЛШ (9)
- Најмногу создадени шанси во ЛШ (20)

Со двата гола против Атлетик Билбао, Мбапе стигна до бројка од 62 гола годинава и со тоа се наоѓа во топ 5 на сите времиња според број на голови во една календарска година. 

Пред него се Меси 2012 (91), Роналдо 2013 (69), Левандовски 2021 (69) и Роналдо 2012 (63).

До крајот на годината има уште четири натпревари, можност да се искачи уште повисоко.

Работава Килијан не биди толку јак

Пеле па Мбапе

4 декември 2025 - 14:49