Германија има дефинитивно најјаки стадионски посети

Во Купот на Германија синоќа Ред Бул Лајпциг со 3-1 после пресврт го совлада второлигашот Магдебург кој прв поведе од пенал преку Силас Њака. Домашните победија со головите на Антонио Нуса во 19-та и Криштоф Баумгартнер во 29-та и 54-та. Муабетот ни беше да ги видите гостинските навивачи, 5.000 души допатувани 126 километри во правец или 252 километри до Лајпциг и назад по студено време. А таму имале несреќен случај односно еден навивач на Магдебург починал откако бил префрлен во болница во Лајпциг.

Магдебург е второлигаш и во втора лига е убедливо последен на 18 место со 10 порази. Еве како ја поддржаа екипата на гости во Лајпциг во натпревар од Купот:

 

3 декември 2025 - 10:14