Offside

Ваков дуел немало и тешко дека ќе има. Ризично по живот.

Очајна партија на Кристијано Роналдо

По 40 кола непобедливост заврши серијата на Реал Мадрид откако синоќа Севиља им направи пресврт во последните 7 минути од мечот. Една од причините за поразот е сигурно индиспонираноста на нивниот лидер која одлично може да се долови во ова видео. Еден куп погрешни и непродуктивни додавања, никакви дриблинзи и обиди за гол и голем број на загубени дуели.

Човекот на кој 12.684 дена му се обраќаат со претседателе

За Сантијаго Бернабеу си знаете. Тоа е стадионот на Реал Мадрид, крстен по еден од најважните луѓе во историјата на клубот кој од 1943-та до 1977-ма им беше претседател. Епа му го срушија рекордот.

Во што се состои ривалството меѓу Фиорентина и Јувентус

Разликите меѓу овие жестоки ривали најдобро се објаснуваат во разликите на нивните стадиони. Фиорентина и навивачите се поврзани емотивно со својот незаменлив стадион, а Јувентус почна да пишува нова историја која за пет години стана побогата од целата на Фиорентина.

Советите на Лино на тајм-аутите

Немавме можност во преносот против Тунис да чуеме што им кажуваше Лино Червар на своите избраници за време на тајм-аутите, ама затоа гледавме како судиите на моменти се губат во некои одлуки кои ги посочи и нашиот селектор. Червар: Судиите нè крадат, мора и нив да ги победиме.

Џабе дадовте гол ние сме Реал Мадрид, па ќе тепаме на крај

40 меча без пораз е најновата рекордна серија на Реал Мадрид кој го мина ривалот Барселона која лани имаше 39 и го стигна Нотингем Форест кој во 1978-ма врза 40 средби без пораз. Но она што дополнително го прави Реал Мадрид голем клуб е карактерот да не се откажува до крај.

Топовски слободен удар во Австралија

Димитри Петратос е Австралиец со грчко потекло кој дефинитивно има нога како онаа на Роналд Куман. Голманот направи одлична проценка што не се фрли. 

Како грмеа нашите во Мелбурн за Лина

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорчевска испиша историја откако стана прва Македонка со триумф на еден гренд слем турнир, а нејзиниот сон е исполнет бидејќи како што изјави игра на ист турнир со нејзиниот идол Серена Вилијамс. На Австралија Опен се скандираше „Лина“ и „Македонија“.

Најинтересните моменти од мечот Македонија - Тунис

Македонската ракометна репрезентација обезбеди важна победа на стартот од Мундијалот во Франција против стариот должник Тунис. Избраниците на Лино Червар се помачија, но со голема желба, мотивираност и квалитет го добија мечот. Секоја чест за пресвртот од -4 во 40-та минута до победа од +4. Во најкуса верзија тоа одеше вака.

Прво па машко, Македонија го совлада Тунис за први бодови

Во првото коло од групата Б на Светското првенство во Франција, Македонија му се одмазди на Тунис 34:30 (13-14) за поразот во борбата за Олимписките Игри и заслужено ги освои првите бодови. Капитенот капитенски со 12 голови.

Како Томас Милер ги избегна новинарите со пасош

Германскиот репрезентативец на досетлив начин реши да не арчи време во разговор со новинарите кои го чекаа за изјава. Пасошот го користеше како мобилен телефон и се правеше дека збоува.

Најдобрите три ракометни одбрани за 20 секунди

Горан Бели Стојановиќ. Ракометна легенда која бранеше од времето на Југославија 85-та па се до 2011-та, веројатно колку и да сакал ни во 26 годишната кариера не можел да ги повтори овие чудесни одбрани, особено оние две во еден напад во кои реагираше како Џиџи Буфон.

Футсал ножички на денот

Не е ниту Фалкао, ниту Рикардињо, туку Амар Ахмед кој ја почна акцијата и ја заврши во стилот на најдобрите двајца во овој спорт.

Роналдињо со писмо до малиот Роналдињо

Неколку НБА ѕвезди меѓу кои Коби Брајант и Кевин Гарнет си напишаа писмо сами на себе. Трендот го продолжи Роналдињо на кој освен нозете, одлично му работи и перото. Ова е неговиот фудбалски пат раскажан хронолошки со многу емоции и со две пораки: насмевка и слободно играње фудбал.

Фудбалска Македонија останува закована на 162. место

Дали човек да се смее, дали да плаче? Еден Свазиленд за кој требаат надчовечки напори да се најде на карта е далеку пред нас на фудбалската ранг листа на ФИФА.

Решавачкиот гол од Европско со 64 различни коментатори

Најважниот момент во фудбалот минатата година, голот на Едер во финалето на Европското првенство во Франција беше кулминација во кариерата на многу спортски коментатори. Еве како тоа звучеше на 64 канали. Приказната за Едер тука.

Преживеал масакр во школо, а денес е светски тенисер број еден

Го освои и својот втор Вимблдон во кариерата, блесна на Олимписките Игри во Рио2016 и стигна до посакуваното место број 1 на АТП листата. Но малку се знае за неговото детство.

Нишанот на Меси е ист и на тренинг и во игра

2017-та за Лионел Меси почна совршено. За прв пат во својата кариера на три меча по ред постигнува гол од слободен удар и сега со 26 гола од слободен за Барса го израмни рекордот на Роналд Куман. Овој против Виљареал е скоро идентичен со тоа што го вежбал на тренинг. Мајсториште.

„Жозе, не сум ти јас Тито, ќе ти ја скинам главата“

Кога во 2004-та му откриле рак, Херман Бургос им рекол на лекарите кои закажале операција дали може да ја поместат за понеделник, затоа што за викендот мора да брани за саканиот Атлетико Мадрид. Во своето портфолио лудиот голман има и позната рок-група.

Видео од детството на Јоветиќ

Стефан Јоветиќ оди на 6 месечна позајмица од Интер во Севиља. Тоа е океј. Го прашуваат од каде знае шпански, а тој одговара од шпанските сапуници кои ги гледал како мал. Тоа не е океј. Новинарите му се смејат, а еден од нив кој ја објави веста за неговиот потпис закачи и видео кое едвај издржавме да го изгледаме.