Offside

Со играч од калибарот на Дончиќ, нема недостижна предност на паркетот. Лејкерски ја совладаа Јута со 132:123 и покрај тоа што во еден момент губеа со 18 поени разлика.

Најатрактивниот кош од табла го постигна голман на Интер

За Јонут Андреи Раду тешко дека сте чуле. Се работи за 19 годишен Романец кој е дел од Интер од 2015-та, а има само еден настап. Еве што прави во слободно време кое изгледа го има на претек.

Најдобрите 10 одлуки сезонава во Премиер лигата

Роберто Фирмино, Алексис Санчез и Деле Али, не е човек да ги пушти понапред во игра, ќе ги исфрустрираат сите голмани. Кој знае колку се горди на нивната игра Клоп, Венгер и Покетино. Антонио Конте пак со своето прво појавување во Премиер лига ја постави својата формација 3-4-3 и испиша историја.

Сите 28 гола од слободен на Пирло во Серија А

Во фудбалот постои термин „Пирловски“ топки па така кога некој играч ќе даде долг прецизен пас коментаторите брзо го споменуваат докторот. Еве ги сите негови голови од слободен удар додека играше во италијанската лига.

Ако не може голманот, може маскотата

На мечот Сеара - Форталезе, бразилскиот напаѓач со познато презиме Даглас Баџо не успеа да го погоди голот од близу, а топката која отиде над голот успешно ја одбрани маскотата.

Патетично задржување време од голман

Изборот за глума на годината (Fallon D'Floor) може да заврши. Синоќа голманот на Сенегал, Кадим Н’Дијае јадно одглуми дека се удрил при изведување на гол-аут и задржуваше време на мечот Алжир - Сенегал 2:2.

Главниот фудбалер на Тотенхем се вози со градски превоз

Од 15 години големите европски клубови како Милан, Барселона, Челси и Сити го викале на проба па го одбивале поради наводниот слаб физикус. На крајот татко му одбива да го шета по проби и бара кој е заинтересиран да дојде да го гледа во Данска.

Табелата во Серија А по заминувањето на Де Бур

Франк де Бур освои 4 титули по ред со Ајакс во рок од 6 сезони, но кога дојде во Интер го удави клубот во долниот дел од табелата. Неговиот наследник Стефано Пиоли не е некое славно тренерско име ама...

Навивачки будалаштини во 90 секунди

Ај малку да се насмееме, особено со тоа дебелкото на крај кое го имаме објавено на сајт, ама пак нѝ е смешно како си изгради простор на трибина.

Запознајте го новото оружје на Милан, луд по бројот 7, Стефон Кари и Роналдињо

Џерар Деулофеу утрово скапа 4 часа на медицински прегледи, а од таму се упати во базата на Милан каде ќе потпише позајмица до 30 јуни годинава. Таму го чекаат двајца пријатели: Карлос Бака со кој славеа Лига Европа и Сусо со кого два пати како младинци станаа прваци во Европа.

Тешкото детство на Келечи Ихеаначо од Манчестер Сити

Пред само четири години немал телевизор да гледа Премиер лига, чекал пред селската коперација каде имало сателитска да му кажат што се случувало на натпреварите, а денес е ударна игла во шпицот на Сити под водство на Пеп Гвардиола.

Зошто Лестер сезонава не постои

Англискиот шампион е на 15 позиција со мизерен скор од 5 победи, 6 нерешени и 11 порази. Нивното злато од среден ред до сега во Челси украде 52, читај педесет и две топки.

Тренерки за најдобриот Типстер во јануари

Јануарската битка на Типстер е при крај и се поизвесно е дека прв ќе остане Никола кој ги погоди поразите на Манчестер Сити и Јувентус од Евертон и Фиорентина.

Кој е Миша Зверев, тенисерот кој го елиминираше Мареј

Поминал тешко време со повредите кои го исфрлиле надвор од првите 1.000 тенисери на светот, но решил со напорна работа да се врати и тоа му се исплатеше на годинешниот Австралија Опен каде се прослави против тенискиот рекет број 1.

Хајлајтс од Серија А со забавните коментатори

Исто како претходниот понеделник, така и сега имате на тецна еден брз пресек со сите голови од 21. коло во Серија А, со исклучок на таа вечерната од недела. Важни 3 бода за Наполи на тешкото гостување на Меаца, скок на Интер на 5. место и нов пораз за нашите Несторовски и Трајковски. Шампионот продолжува шампионски.

Судија зошто побогу?

На дуелот Нант - Пари Сент Жермен во Франција, Марко Верати реши невообичаено да му ја врати топката со глава на својот голман Кевин Трамп, а судијата Јоан Хамел после неколку секунди досуди индиректен удар и му покажа жолт картон на Италијанецот.

Слабокрвната Македонија немоќна против Норвешка за крај на сонот

Македонија во првиот дел прими 12 гола, а на половина од второто полувреме 11. Ужасниот почеток на вторите 30 минути ја турна колата по уздолница и Норвешка заслужено оди во четвртфиналето.

Нема фудбал ако така решат прскалките

На само две минути од почетокот на второто полувреме од мечот меѓу Лас Палмас и Депортиво во Шпанија, се вклучија или подобро кажано некој ги вклучи прскалките на сред терен па судијата мораше да го прекинува мечот.

Кире vs Норвешка

Македонската ракометна репрезентација со Норвешка има две соочувања на големите натпреварувања, пораз на СП Хрватска 2009 и реми на ЕП Полска 2016. На нашиот капитен му лежат Норвежаните. На првиот дуел им збрца 9 гола, а на вториот 11. Да му посакаме да ја одржи традицијата.

Што ако Манчестер Јунајтед сезонава го немаше Златан

Математиката е проста. Манчестер Јунајтед ќе имаше 13 бодови помалку и ќе беше три места подолу на 9-то место. Тоа се должи на срамниот придонес на останатите напаѓачи кои не се ни блиску до двоцифрен број на голови, за разлика од стариот кој игра како во млади дани.

Како најголемиот талент на Ајакс и ѕвезда на Арсенал станал просјак

Глен Хелдер бил роден за фудбалер. Имал дриблинг на кој му завидувале од Јохан Кројф и Денис Бергкамп до Ван Перси и Марк Овермарс. Но единствен противник кој не можел да го дрибне била зависноста од коцка која му земала сè што имал во животот.

Најјакиот тајм-аут на Лино Червар на Мундијалот

Нашите момци синоќа против Исланд колку беа уморни, толку беа и расположени за зафрканција. Тоа се виде на последниот тајм-аут на две секунди пред крајот кога Миркуловски праша што играме?

Моментот кој го нема на камера на полуфиналето Италија – Германија 2006-та

Фабио Гросо и Алесандро Дел Пјеро беа главни протагонисти во последните мигови од рововската 120 минутна битка меѓу Италија и Германија на СП 2006. Но додеа сите скокаа врз нив, еден играч фалеше во заедничкото славје и направи нешто што можеби никој до сега не го направил на Мундијалите.