Offside

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар Волкановски, ја одбрани светската титула во перолесна категорија, откако на настанот УФЦ 333 во Абу Даби дојде до спектакуларна победа над досега непоразениот Мовсар Евлоев.

Како ти се учи на толку пари

Да си фудбалер на Јувентус, клубот кој дава највисоки плати во Италија, да играш на три фронта, да тренираш по два пати дневно, да одиш често во карантин и уште да мислиш на учење, треба стварно да си цар. Џорџо Кјелини е таков.

Со Диего Коста нешто не е како што треба

Или се соиграчите навикнати на него или никој не смее да му зуцне за циркусот што го прави во тренинг кампот.

Пирло и неговите емоции

Сте виделе ли Андреа Пирло некогаш да го смени изразот на лицето? Не. И Харлем Глоубтротерс се обидоа и пак ништо. Не мрда, како Путин е.

Осврт на седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Александар Божиков од екипата на Фабрика Карпош со 4 гола е најдобар стрелец во 17. коло од Бизнис лигата на Македонија, а за екипа на колото е прогласена Окта.

Како помина Арсенал на Камп Ноу пред 7 години

На 6 април 2010-та Топџиите ја имаа таа НЕсреќа да ѝ гостуваат на Барселона на реванш четвртфиналниот дуел од ЛШ. Отпатуваа со резултат 2:2 и потоа им се случи Меси.

Марк Бартра, ветено - сторено

Фудбалерот на Борусија Дортмунд до толку беше импресиониран од храбрата навивачка која со жолт дрес се измеша во машко друштво меѓу големите ривали од Шалке, што сакаше да ја сретне. Шпанецот доби помош за да ја пронајде, ја покани на тренинг, ја гушна и ѝ подари дрес. Прав џентлмен.

Како компјутерските аналитичари го сменија фудбалот

Сте слушнале ли за софтвер кој годишно вади најразни податоци за настапите на над 80.000 играчи во шест спортови кои потоа цели тимови на експерти ги анализираат за потребите на клубот? Не, ова не е време на совети од типот клавајте голови, туку време на најмодерни иновации кои помагаат како да бидеш понапред од другиот. 

Како тоа 75.000 гледачи на финале на студентска кошарка

Во Феникс се одигра еден од најголемите натпревари во американската кошарка а не беше финале на НБА.

Атлетичарот со капче и најславната трка на сите времиња

На Олимписките игри 1972 година во Минхен, американскиот атлетичар Дејв Вотл на трката на 800 метри покажа зошто човек никогаш не треба да се откажува.

Сеќавање на култниот Босанец кој правеше циркус во Бундеслига

На 6. април 2002 година, голманот од БиХ го прими најсмешниот гол од кога се игра германската прва лига. Правеше и други киксеви но Германците го паметат по харизмата.

Гранит максимално мотивирано во дуелот со Сава Осигурување

Екипата на Гранит славеше над Сава Осигурување во единствениот натпревар од третиот ден во 17. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Конечно мрднаа работите, скок на Македонија од 33 места

Светската куќа на фудбалот ја објави најновата ранг листа и по долго долго време конечно можеме да се израдуваме ако не на позицијата, барем на напредокот.

Судиска одлука во Њукасл за која долго ќе се зборува

Њукасл играше против Бартон и доби пенал во 32’ минута. Мет Ричи го изведе и даде гол, но судијата Кит Струд не само што го поништи пеналот поради тоа што некој играч пред време влегол во шеснаесетникот, туку не досуди ново изведување и топката им ја врати на гостите.

И децата што собираат топки не се тоа што беа

Коринтијас и Универзидад де Чиле се сретнаа во Копа Судамерикана, а ние го сретнавме првото дете - глумец што собира топка и што заслужува црвен за глума. Инаку детево бајаги пораснало.

Буфон врати се, доста му е

Тренерите на големите екипи имаат пракса во Купот секогаш да бранат резервните голмани, па дури и во завршницата на овој турнир. Јувентус за малку ќе се покаеше вчера што Бразилецот Нето почна од почеток и направи неколку кардинални грешки после кој Јуве примаше голови. Мертенс му даде гол 8 секунди откако влезе во игра.

Најбрзиот и најбавниот во Барселона

Првиот впечаток кога ја гледате брзината со која трчаат фудбалерите на Барса е следен: Нема голема разлика меѓу првиот и последниот или уште поточно секој може да развие 30 километри на час.

Најбезвезните 30 секунди во фудбалот

Акцијата почна, продолжи и заврши глупо бидејќи немаше концепт и никој не знаеше што прави и кај тера. Најпросто кажано овде Луд јебе збуњеног. Судија каде си?

Најголемиот талент кој Фергусон го видел стана второлигашки бандит

Во 2011-та Рејвел Морисон бил ѕвезда во младинците на Јунајтед и човек поради кого Фергусон не го приметувал Погба. Французинот сега вреди 90 милиони фунти а Рејвел игра во втора лига. Зошто?

ПОП РОК ФОЛК ја отпеаа „We are the champions“

По 10 фудбалски денови исполнети со многу дружење, забава и танц со топката, заврши второто издание на „Музичкиот Куп 2017“. Публиката во спортскиот центар Аеродром уживаше на вкупно 196 голови постигнати на 26 средби.

Пази леѓа голман

Мислевме дека овој стар голмански кикс на невнимание не се повторува, ама ете го после многу години се случува во полуфиналето од Купот на Полска, а го направи голманот на Арка. Нема изговор за ваква грешка.

Фудбалерите кои имаат утепано најмногу километри во кариерата

Една од тешкотиите која е составен дел од кариерата на еден фудбалер е честото мрцварење по аеродроми. Сигурно немате претстава колку еден фудбалер патува, а верувајте тоа е навистина многу.

Борбата на Ѓулен и Ердоган преку фудбалот

Најголемиот скандал во турскиот фудбал се случи по завршувањето на сезоната 2010/2011 кога преку 61 фудбалски работник (претседатели на клубови, играчи, тренери и менаџери) беа осудени на неколкугодишни затворски казни поради местење натпревари. Кулминацијата стигна кога се вмеша и политиката.

Лацијалите откачија од славје по елиминацијата на Рома

Кога на аеродромот Фјумичино во Рим ќе слета нов играч на Лацио или Рома го добива првиот совет кој гласи вака: Прави што ќе правиш сезонава и ако сакаш загуби ги сите натпревари само тепај на дерби. По сега видете колку е големо ривалството меѓу овие две екипи.