Колку фудбалери познавате со завршен факултет? Еден на 1.000 или можеби еден на 10.000? Колку и да се еден од нив е Џорџо Кјелини. Најдобриот дефанзивец во Италија без кој не може одбраната на Јуве и репрезентацијата истовремено е успешен на уште едно професионално поле.
Во 2010-та заврши економски факултет на Универзитетот во Торино и бидејќи тоа не му беше доволно синоќа стана магистер.
Кјелини доби магистерската диплома за бизнис администрација на истиот универзитет, а тезата му беше „Бизнис моделот на Јувентус во меѓународен контекст“.
„До крај. Ова е моето мото кое ме придружува секојдневно на терен и кое ме водеше изминативе години во книгите. Горд сум и среќен што ја имам оваа диплома“, напиша фудбалерот на Јувентус на социјалните мрежи.
Џорџо Кјелини ја почна фудбалската кериера пред 17 години во Ливорно, потоа играше за Фиорентина, а од 2005-та година е дел од Јувентус со кој има вкупно 11 трофеи.
Се работи за женет човек кој има две годишна ќерка и ова е уште еден трофеј плус кој можеби ќе му се најде некогаш во животот ако не дај боже остане без работа :).