Offside

Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.

Ма каков офсајд

Ај да ги доругаме судиите кои заслужуваат ругање. Освен поклонетиот пенал во корист на Баерн Минхен по кој Видал гаѓаше во чавки, на дуелот меѓу титаните имаше уште еден доста спорен момент со Милер кој веројатно е во дозволена позиција.

Патот по кој чекореше Верати за да може да бира каде сака да игра

Андреа Пирло го нема повеќе во репрезентација, ама затоа тука е Марко Верати моторот на екипата на ПСЖ кој обично го има на терен онаму каде што е топката. На 16 години си дозволи да одбие два италијански гиганти, а сега Јувентус за него нуди 80 милиони евра. Па сега видете колку вреди.

Дриблингот на Крафорд од кој се врти памет

Џамал важи за еден од подобрите дриблери во НБА, а тоа што го демонстрираше против Хјустон пред две вечери дополнително ќе ја натера Јута да се плаши од Клиперси.

Почнува Плејоф шоуто во НБА, кој против кого?

Плејоф лудницата во најдобрата светска лига започнува викендов, а ќе гледаме неколку мега-дуели како оној на Леброн против Пол Џорџ, Харден против Вестбрук или Антетокумпо против ДеМар Дерозан.

Лоб на унгарски начин од Пушкаш за Пушкаш

Кога ќе ги разгледува кандидатите за наградата „Ференц Пушкаш“ која се дава на стрелецот на најубавиот гол во сезоната, ФИФА ќе треба да го номинира и фудбалерот Петер Шакали од Академијата Пушкаш, второлигашки клуб од Унгарија.

Сите 100 голови на Роналдо во Европа

Умре тоа време кога Раул и Пипо Инѕаги беа на врвот на листата на најдобри стрелци во ЛШ. Сега на тронот се бркаат Меси и Роналдо, а овој вториов синоќа заокружи јубилејна 100-ка во која блесна со пет хет-трикови.

Во Холандија се гледа фудбал со бебе во раце

На 6. април навивач на холандска Рода по име Саид дошол на трибина со двомесечниот син Хави. Режисерот го фатил во крупен кадар во моментот кога му дава млеко на бебето од шишенце и таа слика станала хит во Холандија.

Фудбал во земјите каде беснее граѓанска војна

Од 2014 година Јемен го разорува војна меѓу сепаратистите од југот верни на владата на Ел Хади и Хутите верни на поранешниот претседател Салиху. Фудбалот таму се игра и во услови на војна.

Најдобриот потег во кариерата на Дејвид Симан

Пол Пескисолидо од Шефилд Јунајтед веројатно уште се држи за глава од оној 13 април 2003-та година кога на мечот против Арсенал од едно метро ја пикна топката во гол, а Симан ја извади. Оваа негова славна одбрана е една од најдобрите во историјата на Премиер лигата.

Што е со судииве?

Ставија четврт судија кој ни самиот не знае за што служи позади голот, ставаат видео повторувања, имаат цел тим на судии горе кои набљудуваат и судиите пак прават многу грешки кои директно влијаат на резултатот.

Што голманишта ќе беа Ноер и Буфон

Ќе речат голманот со своите одбрани го добива мечот во ракомет, а што да кажеме за двајцава монструми кои во последниве два дена во ЛШ реагираа како Штербик. Да не беа овие нивни луди интервенции Јувентус сигурно ќе патуваше на реваншот со примен гол, а Реал ќе имаше убедлива победа од некои 1:4, 1:5.

Роналдо незапирлив, Атлетико победи со подарен пенал

Како во Дортмунд, така и во Мадрид судијата досуди пенал по прекршок надвор од 16 метри. Во Минхен, Реал подобар од Баерн кој играше со играч помалку половина час и промаши пенал.

Монако го победи Дортмунд во сенка на експлозиите

Во дуелот на двата најталентирани тима во Европа, Монако потпомогнат од судиските грешки на Орсато постигна три гола на гости кај Борусија и стекна голема предност пред реваншот.

ФИФА затворај конкурс, голот на сезоната падна во Америка

Во 30’ минута од средбата Оклахома Сити - Сакраменто напаѓачот на домаќините Мигел Санчез направи нереален потег по лудата асистенција од соиграчот.

Неочекуван гостин на бејзбол во САД

Сива мачка им покажала на играчите на Марлинс и Атланта Брејвс како најдобро се стигнува до хоумран.

Кога на Англичани ќе им оставиш бар без конобар

Фудбалерите на Лестер вечерва го играат првото четвртфинале во ЛШ во историјата на клубот, а во Мадрид се разбира ќе имаат и поддршка од своите навивачи. Тие па денеска се од среќни посреќни. Се качија во воз и начекаа гратис гориво пред натпревар. Кој знае која ќе им биде последна станица.

Денот кога цел Олимпико беше скиснат поради Роналдо

12 април 2000-та е можеби најболниот ден во кариерата на Ил Феномено. Се играше првиот меч од финалето во Купот на Италија меѓу Лацио и Интер, а Роналдо влезе во игра по пауза од 5 месеци откако му беше оперирано коленото. По само 7 минути игра нова повреда, овој пат хорор.

Најдена топката која патувала по вода од Шкотска до Норвешка

Загубена фудбалска топка рогната во река во шкотскиот град Абердин, ја нашле на повеќе од 1.800 километри подалеку во вода на северот од Норвешка.

Гери Невил даде гол каков што немал во кариерата

Вкупно 7 гола во цела кариера која вклучува 602 настапи за Манчестер Јунајтед и 85 за репрезентација е податок кој покажува дека легендарниот бек од Олд Трафорд никогаш не претставувал закана за голманите. Арно ама на 42 години не е човек да го остави сам пред гол.

Дортмунд: Играме, појаки сме од теророт

И покрај тоа што целата европска јавност е во шок по трите експлозии чија цел била клупскиот автобус на Борусија Дортмунд, фудбалерите на овој клуб решиле да играат вечерва.

Еуролинк со срце на терен до победа над Рамстор

Екипите на Македонски Телеком, ЕВН и Еуролинк ги собраа бодовите во вториот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Приказната за фудбалскиот пат на Пауло Дибала

Кога татко му го оставил во малата кладилница која што ја држел, малиот Пауло ставил 2 пезоси дека Карлос Тевез ќе даде гол во Копа Либертадорес. Со парите од добивката купил дрес од Бока, а подоцна се запознал со својот идол.

Македонски кафулиња обоени во боите на Јувентус

Актуелниот италијански шампион ѝ се остреше на моќната Барселона за поразот во финалето пред две години и направи специјално мотивирачко видео пред мечот. Сето тоа вроди со плод. Јувентус беше надмоќен и заслужено ги доби првите 90 минути со убедливи 3:0. Фантастичен повод и за македонските Јувентуни да уживаат во триумфот.