Саид е свесен дека бебето ништо не разбира, но тој готово секогаш го зема со себе каде и да оди. „Тоа е добро кога можеш да си со семејството цел ден. Денес секаде може да најдете апарат за да го загреете млекото за шишенцето, па дури и на стадион“, вели Саид за холандскиот Delimburger.
На Твитер и на Фејсбук веднаш имало бурни реакции од типот ’да не му смета буката на малиот’, ’опасно е во толкава толпа’, но Саид е мирен:
„Специјално за тоа се консултирав на клиниката. Таму ми кажаа дека никаков проблем со бучавата не може да има ако бебето е добро заштитено. Можам да ви кажам дека автомобилите на улица прават поголема бучава отколку преполн стадион“.
На мечот бебето Хави носело капче со слушалки. Веднаш до малиот седи и мајката на бебето - Тифани. Мечот меѓу Рода и Цволе бил втор во животот на бебето Хави. Прва била средбата меѓу Мастрихт и Фортуна Ситард недела дена претходно.
На 4 кола пред крајот Рода води голема борба за опстанок во лигата затоа што се во зоната за испаѓање со само бод помалку од сигурните. Во сабота Рода игра против Спарта Ротердам и веројатно пак ќе го има најмладиот верен навивач.