Денот кога цел Олимпико беше скиснат поради Роналдо

12 април 2000-та е можеби најболниот ден во кариерата на Ил Феномено. Се играше првиот меч од финалето во Купот на Италија меѓу Лацио и Интер, а Роналдо влезе во игра по пауза од 5 месеци откако му беше оперирано коленото. По само 7 минути игра нова повреда, овој пат хорор.

Сите се држеа за глава по драматична сцена со Роналдо кој потоа ја испушти цела наредна сезона и дел од таа по нејзе. По долгиот период на рехабилитација Роналдо се појави во топ форма на СП 2002 и го освои златниот пехар

 

12 април 2017 - 15:06