Поради експлозиите близу автобусот на Дортмунд во вторникот, 3 од 4 четвртфиналиња се играа во средата. На секое од нив имаше кардинални судиски грешки кои влијаеа на конечниот резултат.
1. Борусија Дортмунд - Монако, првиот гол на гостите.
Италијанскиот судија Даниеле Орсато не свирна офсајд, а не реагираше ниту неговиот линиски помошник иако фудбалер на Монако „киснеше“ во недозволена ситуација.
2. Баерн Минхен - Реал Мадрид
Пеналот за Баерн на крајот од првиот дел при резултат 1:0. Топката после шутот на Рибери го удира Карвахал во раме, а Италијанецот Никола Рицоли досуди би се рекло непостоечко пенал.
Видал го промаши пеналот и во вториот дел Реал Мадрид со играч повеќе поради црвениот на Хави Мартинез направи пресврт. Тешко дека „Кралевите“ ќе се вратеа од 2:0.
3. Атлетико Мадрид - Лестер, единствениот гол на мечот.
Швеѓанецот Јонас Ериксон кој важи за еден од најдобрите судии во Европа, синоќа ја направи можеби најголемата грешка откако суди Лига на шампиони. Во 26’ минута од мечот Марк Олбрајтон го собори Антоан Гризман но многу далеку од својот шеснаесетник и тоа пред очите на судијата.
Шведскиот арбитар се одлучи за пенал кој Гризман го реализираше за победа на Атлетико од 1:0.