На 12 април 2017-та Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите со 100 постигнати голови. Овој податок од вчера влегува во аналите на фудбалот, но на него треба да се биде малку внимателен.
Португалецот всушност има 97 гола во ЛШ, еден во квалификациите и два во Супер Купот на Европа, затоа нашиот наслов не гласи „Сите 100 голови на Роналдо во ЛШ“.
Нејсе, дека е ова е успех за респект, тука нема збор и дека Роналдо нема уште многу да чека да стигне до 100-ка и во Лига на шампиони и тоа е точно. Ако тоа не биде сезонава, следната сигурно.
Лани имаше и една криза кога 659 минути беше без постигнат гол во најелитното клупско европско натпреварување. Со синоќешните два против Баерн Минхен на Меси му избега само три гола и тој за сега е на бројка од 97 во европски рамки.
За овој подвиг му беа потребни 12 години, а првиот го начна на квалификациски меч против Дебрецин на 9 август 2005 година кога погодија уште и Руни и Нистелрој. Потоа чекаше две години за да се запише меѓу стрелците против Рома на оној дебакл од 7:1 во четвртфиналето пред точно 10 години.
12-от му е огромна важност бидејќи го постигна против Челси во финале кога со Јунајтед за прв пат стана Европски првак, 14-от е оној проектил против Порто, јубилејниот 50-ти му е против Галатасарај, а 68-от повторно во финале овој од пенал, последен во серијата за историската Ла Десима.
Роналдо има 14 голови на меѓународна сцена за Манчестер Јунајтед и 86 за Реал Мадрид.