Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Фудбалерот кој не гледа фудбал, не знаел кои ќе му бидат колеги во Ливерпул

Енди Керол не е име кое ќе остане запаметено на Енфилд Роуд по неговите голови, бидејќи скоро и да ги нема, туку по што кога потпишува за 18 кратниот првак на Англија, а нема појма со кого ќе игра заедно.

„Апартхеид? Го знам, добар играч, ќе мора да го чуваме двајца“

Во составот на славниот Бразил кога ќе се споменел хумор и зафрканција, сите со прст покажувале во човекот кој во авион барал банкомат, јадел глушец на жар и ја исплашил чистачката во Бенфика кога на бразилски ѝ побарал лист хартија.

Детски слободен удар на кој откачија и противниците

Имаме најјак клип со најјака измама при изведување слободен удар и најјака реакција на играчите од другата екипа. Сè е некако најјако во видеово кое го красат деца.

Хрватот од Пескара кој со еден потег покажа што е фудбалска професионалност

Да ја чита човек приказнава нема да поверува дека чита за Серија А, туку ќе мисли дека се работи за некој затуцан нисколигаш кој нема пари да им плати превоз на играчите. Во ера на суетни карактери во фудбалот кои се полнат со милиони, ваков пример во прволигашки елитен фудбал немало.

Лекција по фер плеј

Вистинска реткост во денешно време е да начекаш играч кој ќе ја стопира акцијата во ситуација кога има празен гол, ама ете имало и такви во шпанскиот нисколигашки фудбал. Фер плеј ситуација за сите пари кои ја победија алчноста за гол.

Кога голманот многу игра ФИФА 2017

Голманите имаат посебна страст да излезат надвор од својот гол, да дриблаат, да избијат топка со глава, да бидат во улога на петтиот одбранбен играч. Тоа често скапо ги чини.

Како е да се биде суперталент и да се стави крај на 25 години

Пред три години Гејда Фофана важеше за најперспективен играч во Лига 1. Од тогаш до денес целото време го поминал по болници поради повредениот зглоб. Месецов објави дека се предава и ја завршува професионалната кариера.

Фамилијата без која не поминува Купот на Африкански нации

Ако од 1982 година го анализирате составот на Гана, едно исто презиме ќе среќавате постојано. Тоа е Ају, фамилијата која од колено на колено го облекува репрезентативниот дрес и на која играњето на Купот на Африкански нации им е традиција 35 години.

Кога ќе дознаеш дека Арсенал доаѓа во твое маало

Ждрепките на кои се влечат паровите од најстарото натпреварување на светот во Англија се следат со посебна драж. Така навивачите на петтолигашот Сутон кој се наоѓа во истоименото лондонско предградие паднаа во транс кога дознаа кој ќе им гостува во 5. рунда.

Зошто на Барса ѝ беше украден гол против Бетис

Тоа што шпанските фудбалски власти уште ја игнорираат гол-технолијата само ја отежнува работата на судиите кои во некои ситуции при очи се прават слепи. Реакциите за поништениот гол на Каталонците на гостувањето против Бетис не застануваат, па некои почнаа да удираат и на хумор.

Уште еден необјаснив автогол

По оној во Турција на кој уште му се чудиме, сега нов предмет на опсервација стигна од Полска.

Што мислеше јавноста за Меси и новиот Пеле во 2005-та

Пред 12 години САД и Аргентина се сретнаа во групната фаза на младинското Светското првенство, а очите беа вперени во две многу надежни деца. Едниот денеска е идол на милиони деца кои сакаат да станат како него, а другиот смени 13 клубови меѓу кои и српска Јагодина.

Јан Колер - Чешкиот двометраш кој кинеше мрежи

Со своите импозантни параметри (202см висок и 102кг тежок), на Јан Колер му нуделе работа да копа јами на селски гробишта, но тој го засакал фудбалот.

Тимската игра на Ница

Обично чекаме да падне некое голчиште за да го објавиме на сајт, а овој гол не е таков. Затоа има друга убавина, а тоа е како со мозок да го збуниш непријателот и на крај голманот да го извадиш од игра. Инаку само четири додавања се, а Балотели не ни им беше потребен во акцијава.

Во АЕК купував по три телефони месечно, а немав за леб

„Во НБА е важно играчите да биде среќни, а во Европа кога ќе изгубиш одма нервози. Со Атланта еднаш имавме 14 порази по ред, а тренерот ни зборуваше дека сме правеле позитивни ствари, викам што зборува овој. Кога одевме на гостување, ден пред натпревар ни кажуваа каде има добар провод“.

Камерунецот со 21 браќа и сестри кој стана дел од „Непобедливите“ на Арсенал

Еден од 22-та браќа и сестри како мал со семејството се сели од Камерун во Шпанија која била почеток на неговиот фудбалски пат. Од другарствата со Марадона и Ето и многу трофеи, стана легенда на Арсенал.

Како се разбираат Мата и Марсијал

На 4:0, со Виган, на 5 минути до крај, Мата и Марсијал целосно се опуштија и ги држеа ококорени очите на сите гледачи кои беа на вчерашниот меч од ФА купот на Олд Трафорд.

Пожар на трибината сер Боби Чарлтон на Олд Трафорд

Навивачи на Манчестер Јунајтед утрово објавуваа слики со чад од најголемиот стадион во Велика Британија на кој за среќа е интервенирано на време.

Нормален потег во бразилско првенство

Итало Барбоса има 19 години и игра во бразилскиот клуб Парана’. После потегов „ламбрета“, будно ќе му ја следиме кариерата.

Ти го мислиш бек, а тој се однесува како Зидан

Денис Кемпе е дефанзивец на Карлсруе кој викендов го постигна можеби голот на сезоната во втората германска лига. Кај што ги направи мајмуни, го остави целосно збунет и голманот со лоб ударот.

Срушен митот Морача, Вардарки конечно го победија Будуќност

Во сенка на Светското за мажи, вечерва почна главната фаза на женската Лига на шампиони. Вардарки ја совладаа црногорската Будуќност 28-31 која загуби на домашен терен првпат после цели четири години.

Еврогол на Несторовски против Наполи

Најдобриот македонски фудбалер во моментов, напаѓачот Илија Несторовски го олади „Сан Паоло“ во Неапол во 6. минута од дуелот и ги доведе гостите во сосема неочекувано водство. Ова е осми гол за Прилепчанецот во Серија А по постот од осум меча без погодок. За Сицилијанците од почеток вечерва игра и Александар Трајковски.

Лутиот Дибала не му даде рака на Алегри

Шампионот Јувентус го совлада Сасуоло на гости со 0:2, но мечот го одбележа моментот кога Алегри реши да го замени Дибала со Марко Пјаца во 75. минута од мечот. Аргентинецот се поздрави со присутните соиграчи, но не и со тренерот кој остана со испружена рака.