Offside

Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.

Пехарот кренат, Скопје во транс

Во моментите кога Вардарци го кренаа највредниот трофеј во европскиот клупски ракомет додека Мелани Си пееше We Are The Champions, на улиците на Скопје започна еуфоричното славје.

Слави Македонијо - Вардар е европски шампион!

Откако ја скротија опасната Барселона во полуфиналето, ракометарите на Вардар на неверојатен начин ја крунисаа европската одисеја и го совладаа страшниот ПСЖ 24-23 (11-12).

Видео од страшното стампедо во Торино

На градскиот плоштад „Сан Карло“ во Торино, синоќа за малку беше избегната голема трагедија а францускиот Л’Екип објави видео од моментите кога пукнала петарда а настанала паника дека се работи за бомбашки напад.

Хаос во Торино, 1.000 повредени навивачи од глупава шега со петарда

За време на финалето од ЛШ во Кардиф на плоштадот во Торино се случи голема бркотница откако навивачи на Јувентус бегаа во паника мислејќи дека експлодирала бомба. За среќа нема жртви.

Коментаторот на ЕХФ во транс на последниот напад на Вардар

Не бил само наш Југо од МТВ во делириум во последните 15 секунди од полуфиналето меѓу Вардар и Барселона. Слушнете како реагираше популарниот Том О'Бранагаин кога Лука Циндриќ со проектил го однесе својот тим во историско прво финале.

Потоп на Јуве, Реал Мадрид испиша нова историја во ЛШ

Кралскиот клуб стана прв во елитното натпреварување кој успеа да го одбрани трофејот. Јувентус потфрли, сонот на Буфон се сруши со трето загубено финале. Роналдо со два гола стигна до 105 и 4 трофеи во ЛШ. Во Скопје на 8 август ќе ги гледаме Зидан и компанија против Манчестер Јунајтед.

Голот на Циндриќ за историја на Вардар

Што и да се случи во финале против скапиот ПСЖ, овој гол на Лука Циндриќ ќе остане во аналите на македонскиот спорт. За прв во историјата Вардар јуначки влезе во финалето на ЛШ откако во тврд натпревар ја урна големата Барселона. Клучниот потег на мечот со урлање на Југослав Костовски.

Вардар е во финалето на Лига на шампиони!

Со голот на Лука Циндриќ во последната секунда, Вардар оствари сензационална победа против Барселона 26-25 (13-12) и влезе во големото финале каде ќе игра против ПСЖ.

Роналдо или Буфон?

Ако вечерва во Кардиф треба да се изберат двајца потенцијални клучни играчи на финалето, тоа сигурно се најдобриот голман во светот и најдобриот фудбалер во светот. Ракавиците на Џиџи или нишанот на Кристијано? Нема пораелна прогноза од тоа човек да каже 50 - 50.

Сите досегашни битки меѓу Јуве и Реал во ЛШ

Финалето во Кардиф ќе биде 19-то соочување меѓу титаните на европскиот и светски фудбал кои само еднаш се сретнале во финале. Колку се овие екипи изедначени покажува и нивната историја. 8 победи на Реал, 8 на Јуве и две нерешени средби.

Една поинаква најава за финалето во ЛШ

Со самото тоа што нивнините имиња се Јувентус и Реал Мадрид, финалето го носи епитот на епска битка која е инспирација за некој да направи вакво видео. Зборуваме за 33 кратниот шпански против 33 кратниот италијански првак. Појако финале не можевме да посакаме. 

Најтажната сцена во историјата на Ролан Гарос

Да, Хуан Мартин Дел Потро дефинитивно е еден од најголемите спортисти на денешницата. Људина!

12 непознати факти за финалето Јувентус - Реал Мадрид

Во пресрет на дуелот кој нестрпливо се чека во целиот свет, неколку факти кои не се многу познати во јавноста.

Голден Стејт го прегази Кливленд за 1:0 во серијата

Предводени од Кевин Дурент и Стефон Кари, Вориорси лесно се справија со Леброн и Кливленд и славеа 113:91 во првиот натпревар од финалето на НБА.

Најава за финалето во Кардиф

Европа, па и светот брои два дена до што би рекол Калински, дуелот на титаните. Шампионот на Шпанија против шампионот на Италија. Меч на кој не се трепка и не се грицкаат семки, туку се гледа во еден здив 90 минути. И да има пенали не се љутиме, битно да има голови и убав фудбал. Се ближи сабота, 20.45.

Титулата оди кај навивачите на Интер

И покрај тоа што имаа никаква сезона, рекордни 8 меча без победа и освојување на седмо место кое не носи Европа, нека им кажат едно големо благодарам на своите навивачите кои покажаа што значи верност и во добро и во зло.

Најверните 8 фудбалери од најсилните европските лиги

По 24 години Франческо Тоти и Рома се разделија. Има и други играчи кои им одолеале на понудите и останале во ист дрес покрај истите навивачи, но никој толку време како него. Ова се осуммината актуелни фудбалери од кои треба да се учи лекцијата по верност.

Навивачите на Јуве кои со камион ќе одат за Кардиф

Од тренинг центарот Виново навивачот на Јувентус Енрико Скифони - Кико тргнува за Кардиф со неверојатно дизајнираниот камион. Ќе помине 1.490 километри заедно со уште 200 навивачи на Јуве кои ќе го придружуваат со коли и комбиња.

Крвавиот хет-трик на Роналдо

Имал 16 години, го решил мечот со хет-трик, ама за секој гол попил по една. Мистериозната приказна за ќотекот ја раскажува самиот Роналдо.

Цела Италија стиска палци за Парма

Клубот од Енио Тардини едноставно не го личи да биде во трета лига. Со тоа ќе се сложи секој неутрален навивач. Како стојат работите овој клуб кој беше извор на славни фудбалски имиња и кој освои 8 трофеи во 90-те, за некое време може повторно да го гледаме во елитата.

Штип во сабота ќе биде центарот, како кога гостувал легендарниот Еузебио

На 3. јуни кога се игра ракометниот Фајнал Фор и финалето на Лигата на шампионите, во Штип ќе биде откриен споменик во чест на најславниот Штипјанец, Драгослав Шекуларац, човекот кој го донесе Еузебио во родниот град.

Како изгледаше првиот ден на Серхио Рамос во Реал

Во летото 2005-та Реал Мадрид плати 27 милиони евра за тинејџерот од Севиља.